за

Вака се пакуваат 1.018 КС во семејно комби: Abt Audi RS6-E

ABT_RS6-E_Concept vozenje

Дали за љубителите на спортските автомобили и во иднина ќе се вели дека имаат бензин во крвта? Или тоа ќе треба да се смени, па да се вели дека им тече струја низ жилите? Автомобилската сцена сепак треба да почне да размислува околу тоа. Abt Sportsline разви еден прототип којшто ја прикажува иднината на тјунирањето, а електричниот погон е дел од неа.

Најголемиот тјунер за Audi и Volkswagen ги спои двата света во еден, електричниот и бензинскиот, во прототипот Abt Audi RS6-E. Како основа служи Abt Audi RS6, кој и самиот има екстра коњски сили во споредба со фабричката изведба. Но, дури со електромоторот, системската моќност се искачува на 1.018 коњски сили.

ABT_RS6-E_Concept vozenje_2

Електромоторот е вграден во карданскиот тунел и испорачува дополнителна моќност до задната оска – со притискање копче. Куќната тркачка ѕвезда Даниел Абт на следното видео прикажува како изгледа кога ќе се притисне „волшебното копче“.

Со тјунерски 730 коњски сили, Abt Audi RS6-E веќе е моторизиран на ниво на Lamborghini. Разликата од 170 КС во споредба со стандардната верзија на RS6 се постигнува преку самостојно развиената контролна единица и сменетиот издувен систем.

Abt Audi RS6-E со 1018 КС: Со притискање копче, монструмот добива уште 288 КС и 317 њутнметри

Од „безбедносни“ причини, екстра помошта од електромоторот може да се вклучи само над 100 km/h. Тогаш се ослободуваат дополнителните 288 КС и 317 њутнметри. Системската моќност изнесува 1.018 КС и 1.291 њутнметри. Бидејќи услугата од електромоторот е замислена да се користи краткотрајно, како еден вид „е-нитро“, за хибридниот систем е сосем доволна и малечка батерија со капацитет од 13,6 киловатчасови.

ABT_RS6-E_Concept kokpit

Електричниот потфат на Abt не се случува туку така, постои силна причина за тоа. Abt е всушност компанијата којашто стои зад тркачките болиди во формула Е со знакот на четирите прстени. Покрај тоа, во компанијата извесно време постои специјализирано одделение Abt e-Line, за тјунирање во подрачјето на возилата со електрифицирана погонска спрега.

ABT_RS6-E_Concept magic power

Необичната шара на каросеријата всушност е сосема вообичаена, кога ќе се има предвид електричната асистенција во Abt Audi RS6-E. Шарата потсеќа на печатена плочка. Покрај вообичаените додатоци за оптимирање на аеродинамиката, секако дека не смее да отсуствува и навојно подвозје од специјалистот KW. Без разлика дали станува збор за бензински или електрични коњски сили, 1.018 КС сепак се 1.018 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Камион на Renault

Камион на Renault заштедува 3,5 литри на сто километри

Топ 10 · Овие модели се најлош избор на користено возило

Топ 10 · Овие модели се најлош избор за користено возило