за

Тјунерската работилница Irmscher ѝ стокми третман на Opel Astra GSe

Уште од самиот почеток на продажбата на новата Opel Astra GSe, традиционалниот тјунер на марката веќе има подготвено своја верзија на спортскиот модел.

Повеќе од половина век, тјунерската работилница Irmscher е адреса на којашто се обраќаат возачките и возачите што сакаат да му дадат посебен печат на својот Opel. Новата спортска потсерија GSe, и Astra како прв модел од истата, точно е погодена за да добие верзија од Irmscher.

Како и вообичаено, Imrscher нуди каросериски кит, што ја нагласува динамиката и изработен е квалитетно. За разлика од непознатите тјунерски гаражи, чијшто спојлери и каросериски додатоци изгледаат како да се „придодадени“, тука сé е изработено точно по мера и се вклопува мазно. Секако дека и стилот одговара.

Инженерите на Irmscher секогаш имаат во понуда и кит за преправка на подвозјето, како и широк избор од комбинации од тркала и гуми, што се разликуваат од фабричките и носат посебен печат на германската тјунерска работилница.

Продолжетокот под предниот спојлер открива дека станува збор за „нестандардна“ изведба. Истото важи и за проширувањата на праговите отстрана, што точно се совпаѓаат со каросериските линии. Тоа се детали што не се пренагласени, но се доволно впечатливи за Astra GSe Irmscher да двои од фабричката изведба.

Задниот спојлер ја продолжува линијата на покривот и го поместува визуелното тежиште на силуетата на Astra. Сите овие вкусно одмерени зафати се заокружуваат со налепницата во долниот дел од вратите. Китот е достапен за сите погонски варијанти, вклучувајќи го и комби-моделот Astra ST.

Посебно за Astra е конструирана и дизајнирана нова генерација тркала што се води под името „Cosmo Star“. Може да се избере и ексклузивна изведба, со површина полирана до висок сјај, како и црна изведба, со пречник од 19 инчи.

Во комбинација со гуми со димензија 225/45 се постигнуваат спортски возни својства. За тоа сепак има поголем удел спуштеното подвозје за 25 милиметри.

За внатрешноста може да се изберат челични плочки на праговите, велурни патосници или практични додатоци за средишната конзола. Доколку се ангажираат мајсторите на Irmscher за рачно да ги обложат седиштата, тогаш може да се избира благородна кожа во најразлични бои, вклучувајќи и целосно обложување на кабината со кожа.

Во своето 55-годишно постоење, Irmscher има преработено повеќе од 500.000 возила во своите работилници.

Фановите на Opel наскоро ќе можат да го гледаат продолжението на култниот „Манта, Манта“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Alfa Romeo воведува втора смена за Tonale, Америка бара возила

Toyota лани продала близу 4.000 автомобили со погон на водород