Abt во 2021 година ќе го прослави својот 125-ти роденден. Славеничката атмосфера почнува да се создава уште сега. За секоја од 125-те години постоење, Abt ќе изработи по еден примерок од фуриозниот СУВ на база на Audi RS Q8.
Престижното купе-СУВ на Audi уште од фабрика располага со 600 КС и со вртежен момент од 800 њутнметри, а покрај тоа постави и рекорд на Нирбургринг како најбрз СУВ. Тјунерската работилница во германскиот град Кемптен – нормално во Баварија – реагираше брзо по рекордот и понуди верзија со 700 КС и 880 њутнметри. Сега и од тоа има повеќе. Со контролен модул ABT Engine Control, заедно со посебно конструиран интеркулер, моќноста се зголеми на 740 КС, а вртежниот момент порасна на 920 њутнметри. Со посебна доплата, техничарите на Audi ќе го ослободат RSQ8-R да вози до 315 километри на час.
Ексклузивниот RSQ8-R со перформанси на суперспортски автомобил, својата надмоќ ја демонстрира и акустично. Abt вградува специјален издувен лонец, секако изработен од благороден челик. Со четири издувни цевки со пречник од 102 милиметри, моќта се демонстира и оптички.
Голема заслуга има и аеро-пакетот, кој е дело на сопственните аеродинамичари. Пакетот се состои од 16 компоненти изработени од карбон, почнувајќи од додаток за предниот браник, до задниот спојлер. До максимални граници се одело и во димензијата на бандажите. Станува збор за ABT High Performance HR со смалена тежина и пречник од 23 инчи, на коишто се монтирани гуми 295/35 R23.

Пневматското подвозје прави големо шоу, но секако дека постигнува придонес и за исклучителните возни својства. Во комфорното ниво, каросеријата се спушта за 25 милиметри, а во динамичното ниво за 15 милиметри. Каросеријата може да се донесе уште 10 милиметри пониско до асфалтот во кафе-модусот.
Врвната изработка на воланот, заедно со специјалната капа за копчето за старт и со капата за бирачот за возење, сведочат за врвното занаетчиско мајсторство што се применува во Abt. Посебен детал се плочките на праговите на коишто е напишан редниот број на конкретниот примерок во серијата.
Возачите што веќе имаат „набавено“ RS Q8, прерабoтката во Abt и тјунирањето на 740 КС ќе ги чини 68.138 евра. Доколку тоа не е случај, Abt комплетно тјуниран примерок од RSQ8-R ќе испорача за 211.432 евра.

https://www.instagram.com/p/CD9NZsRhH38/
















