Ram 1500 TRX е најбрзиот и најсилен пикап во светот

ram 1500 trx
Продажбата на Рам 1500 во САД се намали за 15 проценти во првото тромесечје, поради општото намалување на побарувачката за големи покапи.

Ram 1500 TRX е предатор во светот на пикапите и го цементира реномето на Ram Truck како лидер на северноамериканскиот пазар на теренски пикапи. Ram TRX со 6,2-литарскиот Hemi V8 со механички компресор поставува нови мерила за моќта и перформансите меѓу пикапите во класата со носивост до половина тон.

Според Мајк Ковал, прв човек на специјализираната марка за пикапи во САД, „Ram има долга историја на пикапи со високи перформанси и TRX ја продолжува таа традиција, збогатувајќи го сегментот на лесни пикапи со најдобриот спој меѓу перформанси, способност, луксуз и технологија во класата.“

Со моќност од 702 КС и вртежен момент од 881 њутнметри, 6,2-литарскиот Hemi V8 со механички компресор му овозможува на Ram TRX да постигне крајна брзина од 190 километри на час. Во комбинација со осумстепен автоматски менувач TorqueFlite со способност да пренесува екстремни вредности на вртежен момент, пикапот забрзува до 60 милји на час (96 km/h) за 4,5 секунди, а четвртина милја совладува за 12,9 секинди, постигнувајќи крајни 174 километри на час.

Што се однесува до теренските својства, Ram TRX може да влезе во вода длабока до 80 сантиметри, може да влече приколка тешка близу 3.700 килограми, а максималната носивост му изнесува 600 килограми.

https://www.facebook.com/412251675493451/videos/326417022055015/

Претходна објаваДва специјални модели на Aston Martin како од филм
Следна објаваТјуниран Audi RS Q8 што е побрз и поскап од Urus

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here