Британците годишно трошат 5,5 милиони часови барајќи го паркираното возило

Британците годишно трошат 5,5 милиони часови барајќи го паркираното возило

Британските возачки и возачи годишно трошат пет и пол милиони часови во барање на својот паркиран автомобил. Истражувањето што го спроведе Skoda меѓу 2.000 возачи, покажа дека на 52% од нив им се случило да заборават каде им е возилото, барем еднаш во годината. Четвртина од возачите признаваат дека тоа им се случило двапати во последните 12 месеци, додека 14% имале таков случај три или повеќе пати.

Нема голема разлика меѓу половите, за тоа кој повеќе го „губи“ автомобилот. Процентот кај мажите е 12 проценти, кај дамите се 16 проценти. Кога станува збор за времето додека се пронајде возилото, на мажите тоа им успева за 6,4 минути, наспроти дамските 5,6 минути.

Возачите на возраст меѓу 18 и 25 години забораваат каде им е автомобилот 2,5 пати годишно. Процентот на возачи во оваа возрасна група, кои го изумиле местото на паркирање над десетпати во последните 12 месеци, изнесува пет проценти. Возачите над 66 години немаат толку сериозен проблем, кај нив тоа се случува помалку од еднаш годишно.

Местото што возачките и возачите најчесто забораваат дека го оставиле својот автомобил се паркиралиштата во трговските центри (58%) и супермаркетите (36%). Следат аеродромите (21%), а по нив се културните и спортските манифестации.

Skoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото
Skoda ја обнови апликацијата за далечинска врска со возилото

Skoda го спроведе ова вредно истражување со цел да укаже на предностите што во тој поглед ги нуди нивната апликација Skoda Connect (линк до страницата на Порше Македонија). Меѓу можностите на апликацијата е вклучена и помош да се најде паркираното возило. Функцијата „Место на паркирање“ ги пренесува податоците по секое возење, така што возачите можат со помош на ГПС да ја најдат точната позиција на возилото.

Уште една корисна функција е „Свирни и светни“, за вклучување на сирената или светлата на оддалеченост до 500 метри од возилото, со помош на телефонот.

>>> Кокпитот на Skoda Octavia е дигитален, вмрежен и лесен за ракување

 

Претходна објаваТјуниран Audi RS Q8 што е побрз и поскап од Urus
Следна објаваОваа уникатна Toyota е произведена во Германија и работи на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here