Оваа уникатна Toyota е произведена во Германија и работи на водород

toyota mirai пресек водороден погон

Toyota пред повеќе од 20 години ја започна првата фаза од електрификацијата на погонот во автомобилите, кога го воведе хибридниот погон во сериско производство. Времето напредува, хибридите и натаму се најпродавана категорија на возила со електрифициран погон, моделите на батерија на Toyota пристигаат наскоро, а јапонскиот производител веќе има нова цел – масовност на водородниот погон.

Во уличното секојдневие во блиска иднина, веројатно веќе во средината на следната деценија, батериските возила ќе бидат новите бензинци, а водородните возила ќе бидат идните дизели. Така може во најкуси црти да се опише иднината на автомобилската сцена. Двата видови на погон користат електромотор, разликата е во тоа што енергијата за него кај првите доаѓа од батеријата, додека вторите за таа цел ја користат хемиската реакција на водородот, при којашто се произведува електрична струја.

Сите детали околу водородниот погон ќе биде поедноставно да се разберат, преку автомобилот што го „произведе“ германскиот увозник на Toyota. Погонот, патем, веќе одамна е дел од редовната понуда на јапонскиот примус и го нуди во Toyota Mirai, досега произведен во повеќе од 10.000 примероци и моментно пред генерациска смена со новиот модел.

Огранокот на Toyota во Германија го изработи првиот пресек на Mirai

Тојота Дојчланд изработи пресек на Toyota Mirai со цел да понуди најдетален преглед под каросеријата на водородниот автомобил. Овој „пресечен“ прототип понатаму ќе биде изложуван во продажната мрежа на Toyota во земјата и во соседството, а секако дека ќе биде присутен и на авто-манифестациите.

https://photos.app.goo.gl/K6g7vUrxKeCNq6Qb6

При почетокот на продажбата во Европа, Mirai имаше пионерска улога, како прва лимузина со водороден погон од големосериско производство. Погонот нуди огромна предност наспроти „батериските“ автомобили, со тоа што нема потреба да се чека со часови на полнач, додека се наполни батеријата, затоа што функцијата на батеријата тука ја врши водородот, односно двата хај-тек резервоари со по 5 килограми водород под висок притисок. Полнењето водород трае исто колку долевање гориво во обичните автомобили. Од друга страна, проблемот е во тоа што достапноста на водородот е исклучително ограничена. Но, походот на батериските возила и поставувањето стотици илјади полначи само во Европа, докажува дека и идната водородна мрежа е сосем остварлива.

Времетраењето на полнењето водород и досегот се споредливи со обичните автомобили

Во таканаречена горивна ќелија се случува хемиска реакција на водородот, при којашто се создава електрична струја – што понатаму служи за напојување на електромоторот. Конкретно во Mirai работи електромотор од 113 kW (154 КС). Крајната брзина изнесува 175 km/h, а со едно полнење се вози близу 500 километри.

https://photos.app.goo.gl/ETEd5hL6D5kua43X8

На пресекот на возилото јасно се гледа синхрониот електромотор напред и погонскиот модул што се состои од 370 одделни горивни ќелии. Овој модул е вграден под подот, обезбедувајќи ниско тежиште, а таму е воедно и добро заштитен при судир.

Резервоарите се сопствен производ и изработени се на машина што Toyota ја нарекува разбој – во чест на корените на компанијата, што некогаш произведуваше разбои. Овие резервоари исто така се пресечени, прикажувајќи ги сензорите кои го контролираат резервоарот со работен притисок од 700 бари. Делови од него може да се извадат и да се погледнат под лупа.

Диоди го прикажуваат текот на водородот икислородот во горивната ќелија, како и енергетскиот ток од горивната ќелија до електомоторот. На пресекот се гледа и батеријата од 1,6 kWh што помага при поаѓање и забрзување.

Детален преглед на техниката на Toyota Mirai

>>> Шоферска служба минала 5.000.000 km со водородни Toyota Mirai

Претходна објаваБританците годишно трошат 5,5 милиони часови барајќи го паркираното возило
Следна објаваОгнениот камионџија во Кина доби нов камион од производителот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here