Огнениот камионџија во Кина доби нов камион од производителот

faw truck Огнениот камионџија во Кина доби нов камион од производителот

Еден од повпечатливите настани што го обиколи светот во средината на минатиот месец беше камионот снимен како целосно опфатен во пламен заминува од станица за гориво и со огромна брзина јури надвор од градот. Возачот на камионот го ризикуваше својот живот и се беше упатил на безбедно место на периферијата на градот, додека во секое време претстоеше експлозија на возилото и опасност по животот на луѓето во близина, како и можност за настанување поголема материјална штета.

Херојскиот камионџија Сун Ганг штотуку го наполнил резервоарот, кога забележал дека приколката е целата во пламен. Причина за избувнување на пожарот биле заварувачките работи кои биле извршени на приколката кусо пред Ганг да запре на станицата за гориво. Поради невнимателна работа, искрите од заварувањето ја зафатиле дрвената амбалажа што останала во камионот од претходниот транспорт, која полека тлеела. Возачот јурел неколку километри со огромна брзина низ градот Ксанмин и запрел на периферијата, по што следела голема експлозија.

За случајот масовно се пишуваше на кинеските друштвени мрежи и истиот наиде на огромен публицитет. Приказната привлече повеќе од 100 милиони кликнувања, а Сун Ганг беше прославуван како „Херој на нашето време“. Но, за реалната ситуација никој не објави. Камионот бил во приватна сопственост на Сун, кој по целосното уништување на возилото остана без возило за работа.

Неколку денови подоцна, тој доби повик од производителот FAW Jiefang, со неверојатна вест. Производителот му подари на Сун комплетно нов влекач FAW J7 со 550 КС. Ху Ханјие, претседател на FAW Jiefang и воедно генерален секретар на FAW и партиски функционер, лично му ги предаде клучевите на кинескиот херојски камионџија.

FAW Jiefang е водечки производител на камиони од средна и тешка категорија во светски рамки, со околу 7 милиони возила по патиштата.

@chinafawtruck

Претходна објаваОваа уникатна Toyota е произведена во Германија и работи на водород
Следна објаваПијан возач во Тексас заврши во базен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here