за

Abt RS4-S со нови стандарди за спортско комби, со 510 КС и аерокит

Уште еден специјален модел од специјалистот за тјунинг Abt Sportsline. Комбито RS4-S ја комбинира моќта од 510 КС со впечатлив и ефикасен аеропакет. Зафати има и во подвозјето, тркалата и внатрешноста.

Abt RS4-S со нови стандарди за спортско комби, со 510 КС и аерокит

Актуелниот Audi RS4 ја продолжува прочуената низа брзи комби-модели што влече корени уште од RS2. Серискиот модел штотуку имаше моделско освежување, а тјунерот Abt Sportsline веќе реагира. Специјалниот модел Abt RS4-S одушевува со пакетот спојлери, а во поглед на традиционалните вредности, сервира 510 КС и 660 њутнметри.

Моќноста на преработката на Abt е зголемена за 60 КС и 60 њутнметри. Тоа го овозможува контролната единица ABT Engine Control, заедно со посебно конструиран канал за вшмукување воздух. Спринтот до темпо сто трае 3,9 секунди.

Вообичаено за традиционалниот тјунер на модели од целиот концерн Volkswagen, се нуди и степен погоре. Моќноста при доплата за ABT Power S се качува на 530 КС, а вртежниот момент достигнува 680 Nm. Во оваа комбинација може да се нарача и ограничување (!) на крајната брзина на 300 km/h.

Оваа верзија на аерокитот од ABT е достапна само за ABT RS4-S. Во пакетот спаѓаат продолжеток на предниот спојлер со моделски натпис, сплитери и канали за воздух во поткрилата што имаат и специјални перки од карбон. На тоа следат уште заден спојлер и додаток на задниот браник што исто така се изработени од карбон. Изгледот и звукот се комплетираат со четири издувни цевки од карбон, со пречник од 102 милиметри. Тркалата Abt Sport GR имаат димензија 21 инчи и изработени се во цјаен црн финиш.

За надолжната и попречната динамика да го следат апгрејдот во моќноста и во стилот, пакетот содржи и навојно подвозје и спортски стабилизатори, сето тоа со печат на Abt. Најголемиот тјунер за Audi и VW во светот со доплата нуди и спортско навојно подвозје.

Внатре се поставени логоа RS4-S на преработените седишта, на лајсните на праговите и на патосниците. Секако не недостига и плочка со натпис на моделот. Со доплата се вградуваат карбонски облоги на седиштата, како и посебна обработка на воланот со кожа и карбон.

>>> Abt прави електрично тјунирање на VW Caddy

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Renault Captur - Скопски Маратон 2020

Renault официјален превозник на Скопскиот Маратон 2020

Камп-возилата доживеја бум во корона, но сега има проблем

Камп-возилата доживеаја бум во корона, но сега има проблем