за

Камп-возилата доживеаја бум во корона, но сега има проблем

Во повеќе европски држави нагло се зголеми продажбата на возила за кампување и приколки, откако стана јасно дека традиционалниот престој во хотели ќе биде проблем во време на корона. Масивната продажба донесе и голем проблем.

Камп-возилата доживеја бум во корона, но сега има проблем

Со затворени граници и приземјени авиони, домашното кампување доби на популарност во многу европски земји. Трговците со возила и опрема за кампување задоволно триеја раце, производителите и камповите уште повеќе.

Корона донесе промени во сите подрачја од секојдневното живеење и работење. Во барањето починка од напорната работа и од долгото затворање во домашните четири ѕидови, исто така. Затоа беше сосем разбирливо тоа што со почетокот на летото се покажа нагло големување во побарувачката за кампинг возила и приколки. Компаниите што изнајмуваат возила реагираа веднаш и додадоа нови кампери во својот возен парк, се купуваше и приватно.

Како резултат од тоа, во бројни земји ширум Европа летово одвај да имаше слободен простор во камповите. Бизнисот напредуваше, производителите профитираа, народот се одмори, сите среќни? Не сосем. Примерот со Германија дава најдобра престава за ситуацијата во којашто западна бизнисот, вклучувајќи ги и проблемите за камперите.

Бројот на камп-возила во Германија, во периодот од 2010 година се зголемил за 61 проценти. Во исто време се зголемил и бројот на камп-приколки за 20 проценти. Само во последните три години, вкупниот број на возила и приколку се зголемил за 25 проценти. Моментно во земјата постојат околу 1,2 милион камп-возила и приколки. Статистката за годинава ќе донесе уште поголем раст во овие броеви.

Во Германија моментно работат 3.055 кампови, нивниот број се зголемил само за 60 нови локации

Наспроти тоа, бројот на кампови во Германија се зголемил незначително. Во последните две години се отворени само 60 нови кампови, со што вкупниот број изнесува 3.055. Малку се зголемил и бројот на места за кампување, тој изнесува околу 230.000. Беспрекорната германска статистика открива дека бројот на преноќувања во камповите се зголемил за 16 проценти, а тоа се 4,3 милиони преноќувања повеќе.

Статистиката е моќна алатка на германската држава. Таа понатаму открива дека процентот на луѓе што пред корона планирале одморот да го поминат во камп, односно патувајќи со возило за кампување, изнесувал 3,0 проценти во февруари. Во јули, овој број се зголемил за 3,2 проценти. Тоа прво изгледа дека е мал раст, но во исто време има драстичен пад во сите останати форми на патување за годишен одмор, со автомобил, воз, авион, брод или автобус.

Решението е јасно. Зголемуаве на бројот на кампови и на површините за кампување, во соработка со туристички здруженија, општини и регионални власти.

>>> Поради корона: Седум камп-возила продадени за еден ден

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Abt RS4-S со нови стандарди за спортско комби, со 510 КС и аерокит

Abt RS4-S со нови стандарди за спортско комби, со 510 КС и аерокит

Наследникот на Амарок се развива заедно со Форд

Наследникот на Volkswagen Amarok се развива заедно со Ford