за

Стари легенди добиваат нова младост со електричен погон

Олдтајмери електричен погон

Мала британска работилница дава голем придонес за утрешната мобилност – едноставно поврзувајќи ја со минатото. Тие ги префрлуваат гласните и нечисти стари автомобили на електричен погон. Повеќето од нивните автомобили стануваат многу побрзи по преправката. Почисти, исто така.

Дали духот на легендарните автомобили се сведува најмногу на моторот? Боксер моторот со воздушно ладење и препознатлив звук ја претвори „бубата“ во легенда? Во тој случај, Porsche 911 и Fiat 500 исто така ја должат славата на своите карактеристични мотори. Тоа е погрешен заклучок, доколку се суди според портфолиото на Electric Classic Cars. Оваа мала работилница во Велика Британија, во сопственост на двајца автомобилски ентузијасти, ги префрлува олдтајмерите и јангтајмерите на електричен погон.

Буба“ што вози 240 km/h и сопирачки од Porsche на сите тркала

На интернет страницата на Electric Classic Cars нема празни ветувања, само силни аргументи. Гледано според големиот придонес што тие го постигнуваат за јавноста да биде свесна за електричните автомобили, тоа е мошне скромен настап. Легендарни јангтајмери и олдтајмери од ковот на Volkswagen Beetle, Fiat 500, купеата од серијата 6 на BMW од 1970-те години или Porsche 911, минуваат на струја до 400 километри по преправката. Повеќето од нив добиваат динамика каква што никогаш не искусиле во својата историја и без проблеми постигнуваат над 160 километри на час. За сé да биде на место, сопирачките исто така претрпуваат соодветен третман.

https://www.facebook.com/FullyChargedShow/videos/1378220745597504/

Постоечките сопственици ќе бидат поштедени барем од сервисирањето на уморните мотори и погонската спрега. Електричниот погон не бара одржување. Конкретно во Британија, возачите ќе бидат ослободени и од плаќањето на патарина и давачки за пристап во градските центри. Електричниот погон ќе привлече многубројни љубители на олдтајмери.

Електричен погон од експерти и ентузијасти

Двајцата експерти зад Electric Classic Cars се солидно потковани за предизвикот што многумина го потценуваат. Греам Свон стекнал искуство работејќи како електроинженер во Велика Британија, Европа и Југоисточна Азија. Ричард Морган, алијас Моги, го развива генот за олтајмери уште од неговата 17-годишна возраст. Тој им помагал на големи светски организации во смалувањето на емисијата на СО2 во последните дваесетина години. Моги претходно поседувал и Prius, поточно два.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3

Tesla Model 3 се продава подобро од најоптимистичките очекувања

Opel Senator 1978

Opel Senator пред 40 години им ги мрсеше конците на Mercedes & Co