Барем една премиум марка деновиве останува поштедена од секакви обвинувања околу штетната емисија. Како да е точно темпирано, Tesla соборува уште еден рекорд. Model S мина 1.078 километри без запирање на полнач.
Секое постигнување на Tesla деновиве се чини како потсмев за традиционалните марки на маки со своите дизели. По стартот на испораката на Model 3, следи уште едно големо докажување на електричниот погон. Во Италија со Model S се извозени 1.078 километри со едно полнење.
До пред само неколку години беше незамисливо електричен автомобил од сериско производство да извози над 1.000 километри со едно полнење на батериите. Сега се случи и тоа, Tesla Model S во „најмоќната“ моделска изведба P100D да извози 1.078 километри без запирање на полнач. Тоа е нов светски рекорд, не постои друг електричен автомобил што минал повеќе километри.
Досегашниот рекорд на Tesla Model S е надминат за речиси 200 километри
Не е изненадување тоа што досегашниот рекорд исто така го држеше Tesla Model S во истата моделска изведба. По белгиските патишта, електричната лимузина тогаш извозе 901,2 километри. Рекордот го постигна официјалниот клуб на сопственици на Tesla во Италија. Подвигот се одвиваше на Југот на Италија, по локални патишта во регионот на Салерно. За рекордерското возење беа потребни 29 часови.
1078 km – 669.83 miles with Tesla ModelS 100D in a single charge by Tesla Owners Italy-Ticino-San Marino #teslarecord pic.twitter.com/DvQw16V0wo
— Tesla Owners Italia (@TeslaOwnersIT) August 3, 2017
The four pilots: Rosario Pingaro, Adriano Ruchini, Andre Proserpi, Luca Del Bo, Daniele invernizzi and the staff #teslarecord pic.twitter.com/G1jw35oOzU
— Tesla Owners Italia (@TeslaOwnersIT) August 4, 2017
Автомобилот немаше претрпено никакви измени. Пневматиците со низок отпор на тркалање се стандардните од Model S. Единствено беше потребно тимот да се откаже од благодатите на клима-уредот, кој би црпел енергија од батериите. Просечната брзина од 40 километри на час е сведоштво дека возењето се одвивало со речиси секојдневно темпо.
Помошта од „автопилотот“ била добредојдена за одржување на брзината
Зад воланот се менувале наизменично петте членови на клубот на сопственици на Tesla. Розарио Пингаро, еден од петмината рекордери, открива дека „полуавтоматскиот систем за возење го поедностави возењето, со тоа што ни помогна да одржуваме постојана брзина во средната лента.“
Лука Дел Бо, претседател на италијанскиот клуб, објаснува: „За рекордното растојание од 1.078 километри искористивме 98,4 киловати на час струја, што е еквивалентно на осум литри бензин.„ Според Дел Бо, тоа се должи на исклучително високата ефикасност на електормоторите коишто 95% од енергијата ја претвораат во движење. Тоа е трипати повеќе од вообичаените бензински мотори.
Officially verified as the first production electric car to exceed 1000km on a single charge! Congratulations Tesla Owners Italia!! https://t.co/r8fFZIFEP2
— Elon Musk (@elonmusk) August 5, 2017
За рекордот пристигна и честитка од Илон Маск, шефот на Tesla.
















