за

Tesla Model 3 буквално растура: По 2.000 нарачки секој ден

tesla model 3 vnatresnost

Додека Германците уште се лажат дека дизелот е чист, а Peugeot и Opel се надеваат дека две трети места прават едно прво место, вистинска револуција се случува кај калифорнискиот електроспецијалист. Секојдневно пристигаат по две илјади нови нарачки за електричниот Tesla Model 3.

Tesla Model 3 веќе го поведе автомобилскиот свет во следната ера. Калифорнискиоот производител на автомобили пред нецела седмица стартуваше со испораките на електричната лимузина од којашто се очекува многу. Tesla Model 3 е поевтин од серијата 3 на BMW и чини исто колку Chevrolet Bolt.

Сега се покажува дека очекувањата никогаш не ќе беа доволно високи. Секој ден пристигаат близу 2.000 нови нарачки за електричната лимузина. За новите нарачки да се реализираат, идните сопственици ќе чекаат најмалку до почетокот на 2019 година.

Ефектот од Tesla Model 3 уште не се покажува во финансиските резултати

Добро минуваат и останатите модели на Tesla. Во второто тромесечје од годинава, компанијата остварила профит од 2,8 милијарди долари. Во истиот период лани, прометот не достигнуваше ниту половина од актуелната вредност. Во исто време се зголемиле загубите. Во периодот од април до јуни годинава Tesla имал загуба од 336 милиони долари, за десет проценти повисока отколку во истиот период лани.

Првите 30 од 500.000: Стартува испораката на Tesla Model 3

Во трите месеци се испорачани над 22.000 автомобили, што претставува зголемување од 53 проценти. Tesla не објавува колку автомобили планира да продаде годинава. Во пазарните прогнозите се посочува единствено на тоа дека во тековниот квартал ќе се произведат над 1.500 приемероци од Tesla Model 3. Целата продукција моментно е наменета за домашниот пазар. Испораките надвор од САД ќе следуваат дури кон крајот на следната година.

Први од производствената лента се симнуваат верзиите со повисок капацитет на батериите и повисока спецификација на опрема, со цена од 49.000 долари. Основната изведба со револуционерната цена од 35.000 долари ќе стартува во ноември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

цена користен автомобил германија

Штутгарт најскап, Келн најевтин: Каде по користен автомобил во Германија?

колку патници собира во Honda Civic

Колку патници собира во Honda Civic?