Нов рекорд за Tesla: За 52 часа од Лос Анџелес до Њујорк

Tesla rekord kanonbol

Tesla постави нов рекорд на легендарниот Кенонбол, во категоријата на автомобили со електричен погон. Новото време е за 3 часа подобро од стариот рекорд, иако условите беа посложени. Во просек, Tesla Model S 85D минуваше по 227 километри со едно полнење – во костец со времето, секако.

Во првиот ден од јули, Џордан Харт и Бредли ДСоуза појдоа на релацијата што е класичен предизвик за автомобилските авантуристи. Патување долго 4.553 километри, од Лос Анџелес на Западниот брег до Њујорк на Источниот брег. Предизвикот овојпат имаше дополнителна тежина. Автомобилот на Харт и ДСоуза беше Tesla Model S 85D.

Претходниот рекорд со Tesla е под0брен за повеќе од 3 часови

Двајцата ја извозеа релацијата за 51 час и 57 минути, поставувајќи нов рекорд за електрични автомобили. Тоа е за повеќе од 3 часа подобро од претходниот рекорд на Алекс Рој, кој извозе за 55 часа. Разликата можеше да биде уште поголема, имајќи предвид дека Рој лани возеше со поново моделско годиште на Tesla Model S, со подобра аеродинамика, пониска потрошувачка на енергија, батерија од 90 kWh, како и со возач плус.

Батеријата на електромобилот се приклучуваше на полнење 20 пати во текот на авантурата. Тоа значи дека Харт и ДСоуза во просек минувале по 227 километри со едно полнење.

Целиот потфат е уредно документиран, со видео снимки и фотографии, а дополнително и со следење преку сателитска навигација. Секое запирање за полнење на батеријата беше објавувано на твитер, со прикажување на координатите со помош на апликацијата What3Words. Во исто време се објавуваше и фотографија на инстаграм, заради споредба со останатите податоци.

https://www.instagram.com/p/BV7biGljkC7/?taken-by=record4freedom

За првпат автомобил со електричен погон го надмина прочуениот „Кенонбол“ од 1933 година, поставен од Ервин Г. Бејкер во Graham-Paige 57 Blue Streak 8. Тогашното рекордно време изнесуваше 53,5 часови и остана ненадминато близу четири децении. Во таа чест потоа започна да се организира познатиот „Кенонбол Ран“.

Претходна објаваZarooq SandRacer 500 GT е новата играчка на шеиците
Следна објаваПреку вртење педали до попуст за Nissan Leaf

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here