Светскиот број 1 во електромобилноста пронајде уште еден начин да го направи возењето на струја посимпатично. Во центарот на Рим се поставени велосипеди. Десет минути вртење педали обезбедува попуст при купување Nissan Leaf. И бесплатно полнење на батеријата во период од две години.
Во вечниот град Рим во моментов на големо се вртат педалите на велосипедите. Во проект наречен „ДинамоБајк – уживај во својата моќ“, намерниците ги вртат педалите и ја претвораат на тој начин создадената кинетичка енергија во електрична енергија.
Велосипедите на платформата поставена во спортскиот центар „Сирколо Паоло Роси“ можат да ги користат сите и да создаваат чиста електрична енергија, со наједноставно вртење на педалите.
Десет минути на велосипед за попуст за Nissan Leaf и бесплатна струја за две години
Nissan додава уште малку возбуда во овој потфат за привлекување на интересот кон електричниот погон. Динамо-бајкерите кои ќе вртат најмалку 10 минути, ќе поднаполнат енергија во динамо-бајк кафулето и потоа ќе се решат да купат електричен Nissan Leaf, добиваат екстра понуда. Јапонскиот специјалист за погон на струја ќе им одобри попуст во цената на возилото, исто како и бесплатно користење на полначите за струја за нивниот иден Leaf во период од две години.
Понудата важи цела година, доколку при посета на салон на марката, идните сопственици докажат дека произвеле енергија со вртење педали во спортскиот центар со името на славниот Паоло Роси. Секако дека енергијата од вртењето има само симболична вредност, но луѓето ќе ја сватат поентата.
Во стилот на топ-шоп, ниту тоа не е сé. Учесниците во овој симпатичен проект можат да го користат бесплатниот превоз со Nissan Leaf до историскиот центар на Рим. Идејата е да се почувствува превозот без ниту грам штетни материи.
„Eлектрично кафуле“ во Париз кадешто енергијата од вртењето педали се користи како платежно средство
Рим е следниот град со ваква иницијатива, по Париз, кадешто лани беше отворено „електричното кафуле на Nissan“. Со тоа се одбележаа три милијарди (!) километри, колку што сите сопственици на Nissan Leaf заеднички ги извозеа дотогаш со своите електромобили. Leaf е светски електро-шампион, со над 270.000 примероци продадени од појавувањеот на првата генерација во 2010 година.
Идејата во „електричното кафуле“ беше посетителите да произведуваат енергија користејќи најнапредна технологија и потоа да ја користат истата како платежно средство за производи и услуги.

















