Сузуки против кризата со зголемено производство и побрз развој на модели

Јапонскиот производител на автомобили Сузуки ќе им се спротивстави на предизвиците на автомобилската бранша во светски размери, со зголемено производство и со преполовување на времето за развој на нови модели.

Сузуки еВитара е првиот модел со електричен погон на јапонскиот производител и веќе е достапен на македонскиот пазар

Сузуки ја објави новата стратегија, со којашто се утврдени плановите за следните десет години. Целта е да се забрза пуштањето нови модели во продажба, почитувајќи ги животната средина и ресурсите.

Во поглед на погонот и општо технологијата, јапонскиот производител ќе следи повеќе правци и ќе се приспособува соодветно на различните потреби во одделни региони и на барањата на пазарот.

Поточно ќе се работи на нови сериски хибридни системи (бензинецот служи како генератор, електромотор ги движи тркалата), нови мотори со внатрешно согорување со турбо натполнење, како и на нов хибриден систем што се развива под името Супер Ене Чарџ.

Тоа ќе биде исклучиво штедлив 48-волтен благ хибриден погон. Секако дека ќе се развиваат и електрични погонски системи. Понатаму ќе се работи на полесни возила во коишто е поприсутен софтверот.

Развој во Јапонија, производство во Индија

За новите модели да се појавуваат побрзо во салон, од темел ќе се менуваат процесите на развој и производство. До 2030 година, времето за развој на нови модели ќе се преполови. Во исто време, трошоците за развој ќе се скусат за 30 проценти, а производствените трошоци за 50 проценти. Тоа ќе се постигне главно преку дигитален развој и модуларен пристап, односно исти делови за колку може повеќе модели. Главниот развој и натаму ќе се врши во Јапонија.

Во поглед на производството ќе се засилува соработката со индиските фабрики на партнерот Марути. Сузуки планира во земјата да произведува 4 милиони возила годишно од 2030 година натаму. Во моментов во четири фабрики во Индија се произведуваат малку под 3 милиони возила годишно. Од Индија ќе се извезува на бројни пазари ширум светот.

Сузуки Витара доби електрична изведба, првите возила доаѓаат во април

Претходна објаваПежо има бои на коишто луѓе ќе завидуваат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here