за

Volkswagen ќе го остави електричниот e-Golf во производство

volkswagen e-golf bojmer 111km
volkswagen e-golf bojmer 111km

Според објави на германски медиуми, Volkswagen ќе продолжи со производството на e-Golf. Причина е тоа што организирањето на пазарниот старт на новиот електричен компакт ID.3 е премногу комплицирано во услови на кризата од корона, а од друга страна „притиска“ ЕУ.

Volkswagen реши да го продолжи производството на електричниот e-Golf, со цел да се исполнат строгите норми за СО2 на Европската Унија. Информацијата ја објавија неколку германски медиуми, кои се повикуваат на интерен документ што бил испратен до компанијата за изнајмување електрични автомобили Nextmove.

Според првичните планови, производството на e-Golf требаше да запре и да се изврши „смена“ со новиот ID.3, како прв сериски модел на марката што е развиен само како електричен автомобил. Оваа смена првично беше замислено да се случи во текот на летото, но сосем е јасно дека воведувањето на овој историски значаен модел (и воопшто организирањето на неговото производство) е премногу сложен и ризичен проект во услови на корона-кризата.

>> Знаете за услугата на Порше Македонија за „сервисирање од дома“?

Засега, производството на e-Golf ќе продолжи до ноември. Последната календарска недела за продукцијата на овој модел ќе биде 45/2020. Volkswagen ќе прима нарачки за моделот до 2-ри октомври. Може да се очекуваат и мошне интересни цени за електричниот компакт.

https://www.instagram.com/p/B3XXQNdIqis/

ID.3 против e-Golf: Ауто Билд почна да ја пишува новата историја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota gr corolla

Toyota подготвува GR-верзија од Corolla, може да се очекуваат 300 КС

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД