Колку чини полнач за електричниот VW ID.3?

volkswagen id3 polnac
volkswagen id3 polnac

Volkswagen кусо по претставувањето на електричниот автомобил ID.3 ќе понуди во продажба и соодветни ѕидни полначи за струја. Цените не се толку застрашувачки, нормално и тука постојат луксузни и поскапи изведби.

Основната изведба на полначот се води како ID Charger, располага со моќност до 11 kW и полни петпати побрзо отколку сопствениот полнач во возилото, при приклучување на обичен приклучок за струја. Батеријата на ID.3 со капацитет од 58 kWh, се полни за околу шест часови. Цените на полначот почнуваат од 399 евра и истиот е достапен во три изведби.

„Charger“ ќе може да се нарача од ноември, преку интернет или кај дилер на VW. Пред купувањето, корисниците ќе можат преку бесплатна онлајн проверка да видат дали е можна инсталација на полначот на избраната локација. По барање, VW го врши поставувањето и пуштањето во работа на ѕидниот полнач, со вграден кабел за полнење од Тип 2.

Постои изведба ID-Charger Connect, којашто преку W-LAN или LAN може да се поврзе со домашната мрежа или со мобилен телефон. Дополнително може да се изведе и поврзување преку мобилна мрежа (LTE). Промотивната цена е 599 евра.

Најскапата изведба ID-Charger Pro чини 849 евра. Покрај дигиталните функции и модулот LTE, полначот поседува и струјомер.

https://www.instagram.com/p/B2RhTdUo35Y/

Претходна објаваДодека е во тек ИАА: Топ 50 најпродавани модели во Германија
Следна објаваПроизводителите штедат на салонот во Франкфурт и тоа е добро за имиџ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here