за

Полицијата во Саксонија доби 215 електрични Volkswagen ID.3

Државниот возен парк во Германија се префрлува на електричен погон. Полицијата во Долна Саксонија вклучи 215 електрични Volkswagen ID.3 и 175 хибридни Passat GTE во својот возен парк.

Полицијата во германската покраина Долна Саксонија располага со најголем број електрични возила од сите државни органи во земјата. Новите ID.3 и Passat GTE им се придружуваат на 160-те примероци од Passat со приклучен хибриден погон што веќе се дел од флотата од полициски службени возила.

Првите десет примероци од електричниот Volkswagen ID.3 беа предадени денес во присуство на медиуми во централната полициска дирекција на Долна Саксонија во Хановер. Volkswagen го доби тендерот што беше распишан за територијата на цела Европа. Холгер Б. Сантел, директор на Volkswagen за Германија цени дека компанијата има „силна понуда и се надева дека во видно време и другите органи во Германија и Европа засилено ќе се префлуваат на електричен погон.“

Полицијата во Виена моментно ги тестира Volkswagen ID.3 и ID.4. Двата модели веќе се дел од редовната понуда на Порше во Македонија, вториот модел ја имаше својата премиера во минатата недела. Дел од возилата во служба на полицијата во Долна Саксонија се неутрални возила, а дел се возила што ќе ги користи крим-полицијата и се опремени со радио станица и со ротациско светло што во случај на интервенција се поставува на покривот.

Покрај 215 примероци од електричниот ID.3 и постоечките 160 примероци од Passat GTE, во служба на чуварите на редот и мирот пристигнаа уште 175 примероци од моделот со приклучен хибриден погон. Тие ќе се користат во патролната служба, како и за надгледување. Возилата го имаат препознатливиот полициски декор и опрема, но дел од возилата ќе бидат необележани, за потребите на крим-полицијата.

Возилата ќе се користат во Хановер, Брауншвајг, Гетинген, Линебург, Олденбург, Оснабрик и Нинбург.

New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Расте електричното семејство на Volkswagen: ID.4 во Порше

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хрватскиот Rimac Nevera е најдобар спринтер во светот

Машна во ексклузивна серија во чест на Pininfarina и Ferrari