Хрватскиот Rimac Nevera е најдобар спринтер во светот

Поставувањето рекорди е сосем лесна вежба за електричните автомобили Rimac. На патот до Монтереј, каде што традиционално се одржува престижната Автомобилска недела, Rimac Nevera се пушти по познатата тркачка патека Фамозо. Исходот: Хрватскиот хиперавтомобил на струја спринтува подобро од кој било друг сериски автомобил.

Rimac Nevera веќе имаше извозено за рекорд во јуни, на домашен терен во Хрватска, меѓутоа отсуствуваа службени лица да го потврдат потфатот. Сега и тоа е завршено: Nevera извозе најдобар спринт пред службените лица на патеката Фамозо и пред експертите на DragTimes.

Зад воланот седна Брукс Вајселблат од Dragtimes. Гумите беа стандардни, Michelin Pilot Sport 4S, температурата на воздухот изнесуваше 37°C, на асфалтот беа измерени 65°C. Со вклучен Launch Control, хрватскиот автомобил ја искористи моќта на своите 1.914 КС, од четирите електромотори, по еден на секое тркало. Nevera располага и со контрола на распределбата на моќта до одделните тркала, што е развиена во Rimac. Системот постојано надгледува кое тркало има најдобар контакт со подлогата во моментот и соодветно ја распределува моќта, за пролизгувањето да се сведе на минимум.

Убедени сме дека Nevera може да постигне уште повеќе и дека можеме да постигнеме уште подобро време, со повеќе искуство и со тестирање на ваков вид подлога. Се гледаме.

Мирослав Зрнчевиќ, тест возач на Rimac

Неизвесноста траеше само 8,582 секунди, толку време ѝ беше потребно на Nevera да мине растојание од четвртина милја, односно 402 метри. Крајната брзина исто е импресивна, со 269,6 километри на час.

Така изгледаа почетоците на Мате Римац, патем уште тогаш паѓаа рекордите, со преработката на BMW E30 во електричен автомобил

>>> Мате Римац ја создава најуспешната бизнис-приказна на Балканот

Претходна објаваLamborghini повторно го произведува Countach, само 112 примероци
Следна објаваПолицијата во Саксонија доби 215 електрични Volkswagen ID.3

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here