Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 е шести најпродаван автомобил во САД

Tesla Model 3 уште пишува наслови, иако вниманието моментно е насочено кон Model Y – и кризата од корона. Електричната лимузина продолжува да се пробива меѓу најпродаваните модели во САД и се искачи на шестото место по првите три месеци од годинава.

Лимузината со погон на струја од рангот на C-Class и Audi лани заврши на 9-то место на најпродаваните модели во САД. Во првиот квартал лани, Tesla Model 3 беше 13-ти најпродаван модел, за во последниот квартал да се искачи на 7-то место. Трендот продолжи и годинава, со Model 3 на шестото место по првите три месеци од годинава.

Успехот на Tesla Model 3 е дотолку поголем што неговата цена е околу 15.000 долари повисока од моделите со обичен погон околу него. Згора на тоа, купувачите обично се решаваат за поскапите изведби, со поголема батерија и со дополнителен електромотор. Сепак малкумина од сопствениците земаат предвид дека електричниот погон ќе им донесе и пониски оперативни трошоци, како и привилегии во секојдневието.

Шестото место на Model 3 сепак важи само во конкуренција на автомобили. Доколку се земат предвид и продажбите на СУВ-моделите и пикапите, тогаш електричната лимузина паѓа на 19-то место. Но, тука наскоро стапува на сцена СУВ-изведбата со техниката од Model 3, односно Model Y. Голема е веројатноста дека тој ќе ја престигне „тројката“ и ќе напредува уште повисоко, токму поради фактот што станува збор за модел во особено популарниот СУВ-сегмент. За тоа да се случи, прво треба да се почека додека продукцијата на Model Y го достигне нивото на Model 3.

Шест автомобили во американскиот Топ 10 лани се јапонски

Претходна објаваVolkswagen ќе го остави електричниот e-Golf во производство
Следна објаваКина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here