за

Polestar 1 започнува со производство во новата фабрика во Кина

Polestar 1 Volvo proizvodstvo start
Polestar 1 Volvo proizvodstvo start

Сé е по план со електричната марка на Volvo. Фабриката во Кина веќе стартува со производство, заводливото купе со плагин-хибриден погон и голема батерија ќе почне да пристига кај сопствениците уште пред крајот на годинава.

Polestar, марката на Volvo којашто е специјализирана за електричен погон, денес ја отвори својата прва фабрика во Ченгду, Кина. Продукцијата започнува со Polestar 1, престижно купе со каросерија од карбон и со плагин-хибриден погон. Тука ќе се произведува за Кина, којашто е двоен светски шампион, по бројот на продадени автомобили и по бројот на продадени електрични автомобили, за домашниот, но и за извозните пазари. Испораките ќе стартуваат кон крајот на годината.

Polestar 1 со своите системски 600 КС и 1.000 њутнметри вртежен момент е најпрестижното возило со електрифицирана погонска спрега што е произведено во Кина. Квалитетот на производство е како во секоја друга фабрика на Volvo ширум светот, вклучувајќи врвна технологија. Контролата на квалитетот е задача на персонал со 10-годишно искуство токму во тоа подрачје.

New item by Automedia MK / Google Photos

Фабриката во Ченгду исполнува со високи стандарди во поглед на одржливоста на животната средина и ефикасноста во работата. Впечатливиот дизајн е дело на архитектонското биро Snohetta. Во комплексот спаѓаат и тест-патека, посебна просторија од којашто се гледа целото производство, како и други содржини за поттикнување на ентузијазмот кај фановите на новата марка на автомобилската сцена.

Планираната годишна продукција за Polestar 1 изнесува 500 возила, односно 1.500 возила за три години, колку што се планира моделот да остане во производство.

Во почетокот на следната година ќе стартува и производството на моделот Polestar 2 во Лукиао, Кина.

https://www.instagram.com/p/B1s4HN0Cebz/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

јутјубер забрана нирбургринг

Јутјубер со 300.000 следачи доби забрана да снима на Нирбургринг

германски зборови во автомобилскиот жаргон

Од ајншприц до штуцна: Германски зборови во автомобилскиот жаргон