Polestar 1 успешно ги совлада првите зимски тестови на Северот на Шведска и подготвен е за ново појавување пред кинеската публика, на салонот во Пекинг од 25-ти април до 4-ти мај. Купето со елегантен стил на каросеријата и плагин-хибриден погон имаше светска премиера во Шангај, во минатиот октомври.
Првиот прототип од Polestar 1 мина двонеделно тестирање во Арктичкиот Појас на температури до 30 степени под нулата. Тестирањето имаше за цел да се провери работата на подвозјето и возната динамика, а секако да се добие и потврда дека електриката во погонската спрега ќе функционира беспрекорно и во услови на екстремен студ.
Кина е важен пазар за електричната марка Polestar
Техничарите посебно внимаваа на усогласувањето на двата електромотора на задната оска, секој со сопствен сет планетарни запченици. Тие овозможуваат секое тркало во свијок да ја добие точната доза вртежен момент. Возењето по мраз исто така им овозможува на возачите и инженерите да стекнат точна претстава за возните својства на идното скапо купе.
Томас Ингенлат, шеф на Polestar: „Нашите тест-возачи се особено одушевени од варијабилната распределба на вртежниот момент. Постигнавме одлични резулати во управливоста и во прецизноста. Ова е возачки автомобил.“ Првата фаза заврши успешно, следат уште бројни тестирања во текот на годинава.
Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина
Polestar развива спортски модели со електричен погон за Volvo
Volvo продал за една четвртина повеќе автомобили во јануари
Електричниот автомобил на Volvo најавен за 2019 година
Електричниот Volvo само за шест земји во светот
















