Марката што го носи името на една од најголемите легенди на италијанскиот дизајн, Серџо Пининфарина, ќе се рангира во највисоката категорија, покрај Bugatti. Познати се и перформансите на идниот луксузен хиперавтомобил: Спринт до 100 km/h за помалку од 2 секунди и до 300 km/h за помалку од 12 секунди, крајна брзина од преку 400 km/h и досег над 500 километри.

Не треба да постои сомневање дека Pininfarina ќе ги постигне амбициозните цели, ако се има предвид дека Mahindra Racing постигнува впечатлив успех во Формула Е. За развојот на идните модели на луксузната марка ќе биде задолжено студиото Pininfarina SpA. Лука Боргоњо е поставен за главен дизајнер во Automobili Pininfarina и доаѓа од дизајнерското студио на Lamborghini во Торино. Прв човек на марката е Михаел Першке, чијшто тим ќе работи во Италија и Германија, подготвувајќи се за стартот на продажбата на сите поголеми пазари во светот во 2020 година.
Сопственици на скапоцени олдтајмери со дизајн од Пинин ќе бидат главните советници околу дизајнот на хиперавтомобилот на Automobili Pininfarina
Боргоњо ги објави и првите дизајнерски скици. Во следните неколку месеци, италијанската дизајнерска ѕвезда ќе оствари средби со потенцијалните клиенти на ексклузивни настани и на салоните за автомобили. Првата средба веќе беше остварена на 13-ти април, во Палацо Барберини во Рим, којшто е дел од националната галерија за античка уметност. На гала вечерата учествуваа над 200 гости од светот на уметноста, модата и спортот, како и познати колекционери, во чиишто збирки сосема сигурно веќе се наоѓаат неколку автомобили дизајнирани од Pininfarina.
Првиот автомобил на Pininfarina ја носи интерната ознака PF0. Во следните неколку месеци ќе се остварат средби со колку е можно повеќе сопственици на автомобили кои се дизајнирани од Pininfarina. Првата таква средба ќе се одржи во Пебл Бич.
Ferrari F40: Три децении од последниот автомобил на Енцо
Овие марки може да се сретнат само на салонот во Женева
Двократниот Ф1-шампион Фитипалди со сопствена марка суперавтомобили
Половина век на Peugeot 204 Coupe и Cabriolet
Lancia: Ова се моделите што не заслужија марката да им заврши неславно
https://www.youtube.com/watch?v=zytyYaq3HkA
















