Volvo продал за една четвртина повеќе автомобили во јануари

Volvo XC40

Volvo имаше одличен старт на годината, со раст во продажбата од 22,4 проценти во јануари. Сите главни пазари се во плус, не е рано да се предвиди дека шведската марка ќе има уште една рекордна година.

Во првиот месец од 2018 година, Volvo продал 43.439 автомобили, што е за 22,4% повеќе во споредба со истиот месец лани, кога беа продадени 35.475 возила. Главните носители на продажбата се новата генерација на XC60 и моделските верзии на големиот брат XC90.

Најголем раст во јануари е забележан во Кина, со 38% и вкупно 11.537 продадени автомобили. Резултатот се должи и на стартот на локалното производство на новиот XC60. Добро се продаваат и лимузините S90 и S60, кои исто така се од локално производство.

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Volvo стартува со производство на XC40

Електричниот Volvo само за шест земји во светот

Европскиот пазар покажува раст од 11,7%, со најголема побарувачка за XC60 и XC90, како и за комбито V90, коешто ја продолжува традицијата на Volvo со оваа каросериска форма. Одличен старт имаат и дилерите во САД, кои испорачале за 60,5% повеќе возила отколку во ланскиот јануари. Очекувано, најпродавани модели таму се XC60 и XC90. Првиот е воедно и носител на титулата на автомобил на годината на северноамериканскиот пазар.

Најпродаван модел на глобално ниво е XC60 со 11.656 примероци, следи Volvo XC90 со 6.772 примероци, трет е Volvo S90 со 6.057 продадени примероци. Во продажната статистика се појавува и Volvo XC40, кој штотуку треба да почне да ја качува продажба на шведската марка.

Светска продажба на Volvo во јануари 2018 по модели

Модел

Јануари 2018

%

S60 II

1,370

2.8 %

S60L

2,710

28.8 %

S60 CC

108

27.1 %

S90

6,057

228.6 %

V40

4,809

10.1 %

V40 CC

1,234

-6.4 %

V60

2,527

-9.9 %

V60 CC

1,145

-1.6 %

V90

2,380

4.6 %

V90 CC

1,494

552.4 %

XC40

395

100.0 %

XC60

782

-93.1 %

XC60 II

11,656

100.0 %

XC90 II

6,772

4.0 %

Вкупно

43,439

22.4 %

Претходна објаваBugatti произведе сопирачки клешти со 3D-печатење
Следна објаваАстронаути ги исмеваат марсовските амбиции на Елон Маск

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here