Јутјубер со 300.000 следачи доби забрана да снима на Нирбургринг

јутјубер забрана нирбургринг
јутјубер забрана нирбургринг

Влијателен јутјубер има забрана за пристап на Нирбургринг, поради тоа што снимал видеа од незгодите по тркачката патека и истите ги објавувал за својата публика.

Авторот на каналот „Auto Addiction“ на јутјуб долги години наназад објавува спектакуларни сцени што се случуваат на тркачката патека Нирбургринг. Меѓу другото, Ник Е. објавува и снимки од незгодите. Со близу 300.000 следачи, тоа е еден од најголемите канали со снимки од Нирбургринг и Нордшлајфе на јутјуб.

Пасионираниот автомобилист повеќе не смее да објавува видеа од патеката. Управата му забрани пристап на Ник Е., затоа што снимал без дозвола. Тоа е основен услов за каналите на јутјуб што имаат повеќе од 10.000 следачи. Покрај тоа, управата на Нирбургринг забранува фотографирање и снимање на незгоди од каков било вид. Во спротивно се одзема дозволата за снимање.

Според Ник Е., незгодите, дрифтовите и опасните престигнувања се дел од секојдневието на тркачката патека. Тие се воедно и причина за публиката да доаѓа на Нирбургринг. Управата сепак ги забранува видеата од таков вид, зашто носат лош публицитет.

https://youtu.be/gsInDI2gj84

Претходна објаваLand Rover Defender со непланирана премиера на инстаграм
Следна објаваPolestar 1 започнува со производство во новата фабрика во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here