за

Land Rover Defender со непланирана премиера на инстаграм

ланд ровер дефендер филм
ланд ровер дефендер филм

Планот беше новиот Land Rover Defender да се појави премиерно на ИАА во Франкфурт. Но, како што често бидува денес, на инстаграм се појавија фотографии кои јасно го покажуваат новиот теренец. Фотографиите се направени на снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд.

Фотографијата што потекна од профилот на инстаграм со име „shedlocktwothousand“, денес буквално ги сврте социјалните мрежи. Кадарот потекнува од локацијата за снимање на новото продолжение на филмскиот серијал за Џејмс Бонд.

Можеше да се претпостави дека наследникот на култниот теренец ќе се појави во филмот за најпознатиот таен агент 007. Од филмскиот сет претходно се појавија фотографии, во кои Даниел Крег вози постар модел на теренскиот класик.

Повеќе модели досега доживеале премиера во филмовите за Бонд, меѓу нив и BMW Z3. Во 1995 година, на продуцентите им успеа да го задржат Z3 во тајност, до филмската премиера. Во тоа време сепак не постоеја социјалните мрежи, како фејсбук или инстаграм.

Специјалистите за теренци, во новата генерација на Defender користат алуминиумски монокок и независно водење на тркалата. Истата платформа ќе послужи и за наследникот на Discovery. Носечката рамка и крутата задна оска заминуваат во историја. Под хаубата ќе работат познатите мотори од генерацијата Ingenium, како и во целата моделска гама на Британците.

Defender ќе се произведува во новата фабрика на Jaguar Land Rover во Словачка. Вообичаено, на располагање ќе стојат куса каросериска изведба со три врати и поголема теренска проодност, и продолжена каросерија изведба, којашто ќе се стави поголем нагласок на фукционалноста и носивоста. Можно е во моделската понуда да бидат вклучени пикап и изведба со платнен покрив.

https://www.instagram.com/p/B1qdDDZhGm5/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

полначи за електрични возила

Германија ќе дозволи поставување приватни полначи пред зграда

јутјубер забрана нирбургринг

Јутјубер со 300.000 следачи доби забрана да снима на Нирбургринг