Министерството за правда на Германија ќе ги менува законите со цел да се олесни поставување приватни полначи за електрични возила пред станбените и деловните објекти, а на тој начин да се поттикне и преоѓањето на погон на струја.
Германија ќе ги менува законите за домување со цел да се даде дополнителен поттик за електромобилноста. Постоечката регулатива го попречува поставувањето на полначи за струја. За еден сопственик на стан да постави сопствен полнач за електричен автомобил во рамките на колективна станбена зграда, тој сега мора да обезбеди согласност од сите останати сопственици на стан во објектот. Доколку станува збор за корисник на стан под наем, сопственикот може да не дозволи поставување почнач.
Според законските измени, кои се очекува да стапат во сила кон крајот на 2020 година, секој сопственик на стан или корисник на стан под наем ќе има право да постави полнач во гаражата или паркиралиштето пред зградата. Во случај на наем на стан, сопственикот може да заработи тужба доколку на изнајмувачот не му дозволи да постави полнач, откако овој претходно ќе го извести за тоа. Трошоците секако паѓаат на товар на изнајмувачот или сопственикот на стан.
Промените се случуваат како резултат на долготраен притисок од здруженијата за електромобилност, кои бараа властите да ги отстранат пречките за поставување приватни полначи. Бројот на јавно достапи станици за полнење се зголеми драстично во последните неколку години ширум земјата. Со претстојните законски измени ќе се олесни поставување полначи во приватното подрачје и на работните места, што секако дава значаен поттик за електромобилноста.
Триесет електрични модели моментно во понуда: Старт од 15.900 евра
















