за

Нирбургринг доби нов асфалт, се чекаат нови рекорди

Нирбургринг реконструкција

Тркачката патека од сесветско значење и воедно патека на којашто малкумина правилно ѝ го изговараат името, доби нов асфалт. Во понеделникот успешно завршија градежните работи на Нирбургринг, поточно на големиот круг Нордшлајфе. Пет делници на патеката стара над 90 години беа темелно обновени (Леталиштето/Шведенкројц, Каленхард, Верзајфен, Старата мелница, Високата осумка).

Историски важниот потфат се одвиваше во периодот од ноември до февруари. Вкупната должина на обновените делници изнесува близу три километри. Дополнително беа изведени зони за излетување според ФИА, во подрачјата на Хаценбах и Кезелхен, во вкупна должина од 900 метри. Ова е најголемиот градежен зафат на Нордшлајфе (Северен Јазол) во последните 40 години. Нирбургринг инвестираше четири милиони евра.

Новиот асфалт е со средна грубост и приспособен е според нивото на грубост на целата Нордшлајфе. За Германија е сосем нормално што сезоната ќе почне без одложување и првото возење ќе се одржи веќе на 16-ти март (сабота), кога ќе тестираат прототипите за маратонскиот VLN. Првата трка се вози една недела подоцна. На 23-ти март се вози првата маратонска трка во првенството VLN.

Кој за што, Jaguar за рекорди

Ова такси чини 10 евра од километар – на Нирбургринг

24 часа и 4000 гуми на Dunlop на Нирбургринг

На оваа тркачка патека 90 години се вози „туристички“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes amg gle 53

Mercedes-AMG GLE 53 со мала напомена: Благ хибрид

kia e-soul

Kia e-Soul со душа вози на струја