Jaguar постави рекорд на француската тркачка патека на којашто до 1970-те се возеше формула 1. Рекордот на патеката Шарад им припаѓа на Jaguar XE 300 Sport и Винсент Радермекер
На производителите како да почна да им снемува тркачки патеки за поставување рекорди, па се навраќаат на историските курсеви. Jaguar XE 300 Sport постигна ново најбрзо време на круг на веќе подзаборавената гранпри-патека Шарад, во близина на францускиот Клермон-Феран. Настанот се случи за 30-годишнината од затворањето на оваа некогаш неизоставна патека во тркачките календари. Винсент Радермекер го извозе курсот долг осум километри, „шпикуван“ со 48 свијоци, за време од 4:09 минути.
Jaguar XE постигна просек од 116 km/h на „францускиот Нирбургринг“
И покрај отсуството на кружниот тек што беше дел од оригинално поставената патека, како и двата тесни пристапи, Белгиецот зад воланот на Jaguar XE 300 постигна просек од 116 km/h. Најдолгиот правец на таканаречениот „француски Нирбургринг“ е долг околу 600 метри.
На осумкилометарската патека, којашто вклучува и неколку делови од јавната патна мрежа, се возеше трката во формула 1 за големата награда на Франција во 12965, 1969, 1970 и 1972 година. Поради вулканските карпи коишто постојано паѓаа врз патеката, како и отсуството на доволно големи зони за излетување, француското гранпри во 1973 година се пресели во Ле Кастел. Последен пат на Шарад се возеше во 1988 година.
Името Винсент Радермекер им е добро познатo на фановите на Jaguar, и на брзините воопшто. Тој лани постави рекорд за лимузини на Северниот Јазол (Нордшлајфе на Нирбургринг), со Jaguar XE SV Project 8.
[FAG id=35219]
Електричниот Jaguar I-Pace е како веган во куќата на стекот
Каде запна продажбата на Jaguar Land Rover?
Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

















