Lotus во потрага по првиот автомобил на основачот Колин Чепмен

Lotus Mark I 1948

Lotus го бара првиот автомобил когошто Колин Чепмен го изработил уште во 1948 година. Британската марка годинава го одбележува 70-от јубилеј

Во годината во којашто го одбележува 70-от јубилеј, Lotus ги замолува своите фанови да се впуштат по потрага по првиот автомобил, когошто основачот и поранешен тркач Колин Чепмен го изработил во 1948 година. Младиот инженер рачно го изработил малечкиот автомобил во гаража во Лондон, кој бил наменет за родителите на неговата девојка и подоцнежна сопруга. Неколку технички решенија биле мошне иновативни за тоа време.

Техничката документација за Lotus Mark I е достапна во целост, меѓутоа непозната е судбината на самиот автомобил. Чепмен со помош на еден пријател, во 1948 година почнал да учествува на автомобилски трки. Тоа му донело вредни искуства за конструирањето и изработката на Mark II. Првиот автомобил бил продаден во ноември 1950. Од тој момент се губи секаква трага на овој автомобил со историски непроценлива вредност.

Синот Клајв Чепмен: „Mark I е светиот грал во историјата на Lotus“

Во потрагата по Mark I учествува и Клајв Чепмен, син на основачот Колин Чепмен и директор на Lotus Team Classic. „Mark I е светиот грал во историјата на Lotus“, кажува Клајв. Тој ги замолува сите Британци да го бараат првиот Lotus во гаражите и шупите. Можно е дека автомобилот го напуштил островот.

Lotus Mark I 1948_1

Познавачите на автомобилската сцена во целата оваа акција препознаваат кампања со добро познат исход, за „случајното“ пронаоѓање на историскиот Lotus да биде круна во одбележувањето на 70-годишнината на британската марка.

Куса историја од 0 до 100.000-от автомобил на Lotus

Таа е Елиза Артиоли и автомобил го носи нејзиното име

Теренецот на Lotus ќе биде најлесен во сегментот

Претходна објаваБубата не заминува: Ќе вози и на струја
Следна објаваКој за што, Jaguar за рекорди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here