за

Теренецот на Lotus ќе биде најлесен во сегментот

Lotus SUV, autocar

Lotus ќе го смени имиџот од производител на брзи, лесни и спартански опремени двоседи, во производител на луксузни автомобили. Тоа е новата стратегија на традиционалната британска марка, по преземањето од кинескиот Geely лани. Вистинската причина за промената сепак е воведувањето на СУВ-модел во понудата на Lotus. По него ќе следат и други модели во сегментот што не престанува да расте.

Техничката платформа ќе пристигне од Volvo, а задача на инженерите на Lotus ќе биде да извлечат возни својства достојни за марката. Моментно нема официјална потврда околу стартот на продажбата, класата во којашто ќе припаѓа идниот СУВ, како и моторите или цената. Lotus веројатно ќе го следи примерот на Porsche Cayenne и ќе го позиционира својот прв теренец во највисоките пазарни сегменти.

Изјавите на менаџментот оставаат многу простор за шпекулации, но тоа што може да се очекува со сигурност е следново: Идниот теренец ќе биде меѓу најлесните во сегментот, верно на традицијата на марката, возните својства исто така ќе бидат на врвот во сегментот, а во понудата ќе пристигнат уште неколку СУВ-модели.

Стилот на идните СУВ-модели на Lotus ќе се создава во Ковентри, со користење на препознатливите дизајнерски елементи на марката

Идните „големи“ модели со знакот на Lotus ќе се создаваат во новиот центар во Ковентри, којшто официјално се води како дизајнерски центар на целата групација Geely. Актуелниот главен дизајнер Расел Кар ќе продолжи да работи во седиштето на марката во Хетел, додека идните теренци ќе се креираат во Ковентри. Во овој британски град се наоѓа седиштето на уште една марка на Geely, London Taxi.

Првиот теренец на Lotus може да се очекува најдоцна во 2022 година, развиен врз платформата на Volvo XC90, вклучувајќи плагин-хибридна опција, исто како и чиста електрична верзија.

Lotus Exige Cup 430 во нелимитирано издание

Lotus постигна фантастична продажба – и конечно профит

Evora GT430 пристига како најмоќниот Lotus во историјата

Lotus под новиот сопственик ќе се произведува и во Кина

Elise Cup 250 е најбрзиот четирицилиндарски Lotus во историјата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

возач range rover казна среден прст

Британски возач осум месеци во затвор поради покажан прст

силициум батериска техника

Силициумот пристига како нова батериска техника