за

Силициумот пристига како нова батериска техника

силициум батериска техника

Големиот подем на електричните автомобили постојано бара нови материјали. Браншата очекува дека примената на силициумот во батериската техника ќе донесе голем напредок во поглед на капацитетот на батериите.

Силициумот има неспоредливо повисок капацитет во споредба со актуелната литиум-јонска техника. Но, поради неговата механичка нестабилност, тој досега не можеше да се користи за батерии. Во меѓувреме и тоа е надминато. Во лабораториите на техно-гигантите веќе се изработуваат аноди од 100% силициум и се изготвуваат решенија за индустриско производство.

Од силициумот како нова батериска техника профитираат електромобилите, преносните уреди, телефоните… се’ што има батерија

Со посебна обработка на површинската структура, во подрачјето што се мери во микрометри, овозможено е целосно искористување на акумулацискиот потенцијал на силициумот. Тоа најавува нова ера, општо за батериската техника.

Теоретски, силициумот е совршениот материјал за анодите во батериите. Тој може да акумулира до десетпати повеќе енергија отколку графитните аноди во постоечките литиум-јонски батерии. Како што веќе може да се претпостави: Електричните автомобили ќе постигнуваат подолг досег, батериите во мобилните телефони ќе издржуваат подолго, а полнењето ќе биде значително покусо.

Силициумот е втор најзастапен елемент на Земјата, нема да има нови „литиумски-шеици“

Најважната предност на полупроводничкиот материјал е во тоа што постои во речиси безгранични количини. Обичниот песок речиси комплетно се состои од силициум оксид. По кислородот, силициумот е втор најзастапен елемент на земјата. И евтин е.

силициум батерии 2

Главниот проблем е во премногу ниската трајност на силициумските аноди, за тие да се користат во батерии. Материјалот има екстремно висока чувствителност. При полнење, јоните на литиумот се движат меѓу анодата и катодата. Како материјал со највисока енергетска густина, силициумот апсорбира огромна количина јони на литиум. Поради тоа, материјалот може да се зголеми до четирипати, што во подолг рок би довело до негово распаѓање.

Научниците подолго од три децении работат на силициумот. Резултатите пристигаат. Анодите конечно можат да се состојат од 100% силициум, наспроти обичните батерии кадешто уделот се движи меѓу десет и 15 проценти. До индустрискиот старт веројатно ќе минат уште неколку години. Исто толку е веројатно и дека постои материјал што ќе биде подобар и од силициумот, но чека да биде „откриен“.

Може ли молња да ги наполни батериите на Audi e-tron?

Фабрика во Јапонија работи на сонце и на батерии

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

Honda ќе ги полни батериите за 15 минути

Нова батерија на Toshiba ветува 300 километри за пет минути

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lotus SUV, autocar

Теренецот на Lotus ќе биде најлесен во сегментот

land rover 70 godini

Land Rover вечерва со веб-пренос од прославата на 70-годишината