за

Нова батерија на Toshiba ветува 300 километри за пет минути

Toshiba SCiB батерија

Брзото полнење на батериите на електричните автомобили само релативно е брзо. За половина час, батериите се полнат до четири петини од капацитетот. Toshiba најавува нова генерација батерии за 2019 година. Со нив, полнењето на батериите ќе трае исто колку обично полнење гориво.

Гигантот во електро индустријата им задава силен удар на моторите со внатрешно согорување. Огранокот на Toshiba што се бави со производство на батерии најавува нова генерација батерии, со двојно зголемена енергетска густина, но и со драстично скусено време за брзо полнење. Технологијата што Toshiba ја води под Ultra Rapid Recharging, овозможува батерија со капацитет од 32 киловатчасови, за само шест минути да акумулира доволно енергија за компактен автомобил да извози 320 километри.

Новата генерација SCiB-батерии на Toshiba може да биде двојно помала за ист капацитет со постоечките батерии

Двојно зголемената енергетска густина се должи на примената на легура од титан-ниобиум за анодата, во замена за постоечките литиум-јонски батерии коишто користат анода врз база на графит. Toshiba очекува дека ќе извлече уште подобри перформанси и првата практична примена на SCiB-батеријата ја најавува за 2019 година. Досегашните тестирања ги потврдија долготрајноста и безбедноста на батериите.

Прототип-батеријата има димензии 111 x 194 x 14.5 mm за капацитет од 50 Ah

Со радикалното скусување на времетраењето на полнењето ќе се надмине проблемот што го имаат електричните автомобили при возење на подолги релации. За „петминутното полнење“ да функционира во практика, сепак е неопходно и проширување на мрежата од брзи полначи. Се надминува и влијанието врз одржливоста на животната средина: Колку се поголеми батериите, толку е полош енергетскиот биланс. Електричните автомобили повеќе не ќе мораат да поседуваат голем капацитет на батеријата за да совладуваат подолги растојанија.

Toshiba SCiB батерија

Новата технологија на Toshiba го загрозува и водородниот погон, во когошто индустријата гледа решение за проблемот на „батериските“ електрични автомобили при возење на долги релации. Доколку SCiB-батериите се полнат за пет-шест минути, тоа е истото време што е потребно резервоарот на возилата со погон со горивни ќелии да се наполни со водород.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Century III

И Toyota има свој „ролс-ројс“ во Јапонија

range rover sport p400e hybrid

Range Rover Sport P400e може да вози и на батерии