Range Rover Sport P400e е првиот модел на британската марка кој поседува приклучок за полнење на батериите. Досегашниот дизел-хибрид заминува, на неговото место пристига современ плагин-хибрид кој според производителот минува до 50 километри на струја.
Land Rover го претстави својот прв модел со приклучок за струја. Range Rover Sport P400e пристига заедно со освежувањето за новото моделско годиште, како замена за досегашниот дизел-хибрид. Оваа „ветувачка“ комбинација, со којашто неколку производители се обидоа да излезат попаметни од Toyota и само залудно потрошија пари, соединуваше трилитарски дизел со 340 КС и електромотор.
Со приклучок за полнење и батерии со посериозен капацитет, Range Rover Sport созреа во современ плагин-хибрид. Дизелот исто така е заменет со дволитарски бензинец од актуелната генерација Ingenium. Двете погонски единици заедно испорачуваат системска моќност од 404 КС. Според нормите, хибридниот модел може да измине 51 километар само со енергијата во батериите, што во реални услови би било нешто повеќе од 30 километри. Потрошувачката од 2,8 литри – исто така според нормите – важи со полни батерии. Range Rover Sport P400e прво ќе ги извози 51-от километар на струја, а потоа електромоторот ќе се погрижи потрошувачката на гориво во преостанатите 49 километри (теоретски) да се движи под три литри.
Погонската спрега на Range Rover Sport P400e
Електромоторот со моќност од 116 КС е вграден во куќиштето на осумстепениот автоматски менувач, додека батеријата со капацитет од 13 киловатчасови е поставена под подот на багажникот. Големиот теренец располага со вграден полнач од 7 киловатасови. Доколку се користи сопствениот полнач, потребни се седум и пол часови додека се наполни батеријата. При приклучување на брз полнач, постапката трае околу три часови.
Врвот во моделската гама му припаѓа на Range Rover Sport SVR, кој со своите 575 КС е најсилната моделска изведба на марката досега. Сето тоа може да се погледне на видеото.
Обновената моделска гама на Range Rover Sport
|
Моделска изведба |
Моќност [КС] |
Вртежен момент |
0-100 km/h [s] |
80-120 km/h [s] |
Vmax |
|
2,0 SD4 Diesel |
240 |
500 |
8,3 |
6,0 |
206 |
|
3.0 TDV6 Diesel |
258 |
600 |
7,7 |
5,6 |
209 |
|
3.0 SDV6 Diesel |
306 |
700 |
7,3 |
5,3 |
225 |
|
4,4 SDV8 Diesel |
339 |
740 |
6,9 |
4,5 |
209 |
|
P400e 2.0 Si4 PHEV |
404 |
640 |
6,7 |
4,1 |
220 |
|
P300 2.0 Si4 |
300 |
400 |
7,3 |
4,7 |
201 |
|
3.0 V6 S |
340 |
450 |
7,2 |
4,6 |
209 |
|
3.0 V6 S |
380 |
450 |
7,1 |
4,5 |
209 |
|
5.0 V8 S |
525 |
625 |
5,3 |
3,3 |
249 |
|
5.0 V8 SVR |
575 |
700 |
4,5 |
2,8 |
280 |

















