Фарадеевиот кафез во центарот за високонапонски тестови на Siemens има димензии 42 х 32 х 25 метри. Тоа е најголем кафез од ваков вид во светот, во когошто се работи со напони до три милиони волти. Прототип на Audi e-tron се најде во големата хала, кадешто експертите изведоа високонапонски прескок кон автомобилот.
Експериментот го симболизира вековниот сон: Прифаќање на молњите и користење на гигантската енергија во нив. Електричните автомобили уште долго време нема да се полнат од молњи, но техничарите на Audi дојдоа чекор поблизу до оваа визија. Кога ќе започне продажбата на Audi e-tron, тој ќе биде прв автомобил што ќе може да користи полначи со струја од 150 киловати.
Со брзите полначи ќе се овозможи Audi e-tron да совладува долги релации како со обичен погон
Со овие полначи, батериите ќе се освежуваат за помалку од половина час. За таа цел, литиум-јонската батерија поседува сложен систем за термоменаџмент. Батеријата од 95 kWh во подот овозможува досег до 400 километри, според новата и реална норма WLTP. До крајот на годинава, во Европа ќе бидат поставени околу 200 станици за брзо полнење со приклучоци за шест автомобили. Планот е нивниот број да се удвои до 2020 година, со полначи на секои 120 километри оддалеченост по автопатиштата и главните магистрали.
Покрај брзи полначи со еднонасочна струја, Audi e-tron ќе може да користи и стандардни AC-полначи со 11, односно 22 kW. Моментно постојат преку 65.000 такви полначи на територијата на Европа. Возачите на Audi e-tron ќе располагаат со картичка за лесен пристап до 80% од овие полначи. Од следната година нема да има потреба ниту од картичка. Полначите сами ќе го препознаваат возилото.
Audi што требаше да биде Mercedes
Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон
Audi 100 почна да вози пред половина век
Колку „Prologue“ се крие во новиот Audi A8


















