Новата Mazda 3 ќе биде многу слична co Kai Concept

Mazda Kai Concept Mazda3

Нова генерација на Mazda 3 и првиот електричен автомобил на јапонската марка се потврдени на агендата за следната година. Тоа официјално го потврди Џеф Гајтон, првиот човек на Mazda во Европа. Идната генерација на јапонскиот компакт ќе го преземе изгледот на дизајнерскиот концепт Mazda Kai од ланскиот салон во Токио.

Но, новитети има и во техниката. Mazda ја воведува на голема врата новата генерација погонски единици Skyactiv-X. Тоа е реализација на долгогодишната идеја на инженерите во целата бранша, лесното качување вртежи и смирената работа на бензинскиот мотор да се спојат со предностите на дизелот во штедливоста и вртежниот момент. Накусо и најгрубо објаснето, тоа е бензински мотор којшто во зависност од условите ја пали смешата класично, или под дејство на компресија, како дизел.

Ванкел моторот се враќа во Mazda, но само како генератор во идниот електричен модел

Љубителите на марката ќе се израдуваат и на вториот голем новитет за 2019 година. Mazda ќе го претстави својот прв електричен автомобил, во чијашто погонска спрега се враќа ванкел моторот на Mazda, којшто ќе функционира како генератор. Тоа е слично на BMW i3, кај когошто постои можност да се нарача малечок мотор што го снабдува електромоторот со енергија. Но, компактната конструкција и специфичната смирена работа на ванкелот ќе му дадат посебен печат на електромобилот на Јапонците.

Секогаш кога ќе се спомне ванкел, следува и прашањето, кога Mazda ќе го врати спортското купе RX во својата понуда. Гајдон: „Додека не се случи револуција во техниката на ванкел моторот, нема да се појави нов спортски модел со таков мотор.“ Како слаби точки на моторот со ротирачки клипови, именуван по изумителот Феликс Ванкел, остануваат издржливоста и високата потрошувачка на гориво и масло.

Но, не е исклучено дека ванкелот ќе се врати во Mazda. Пред пет години никој не веруваше дека диз-ото (од дизел и ото) ќе доживее сериско производство.

[FAG id=31914]

Mazda Vision Coupe е концептен автомобил на годината

CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda

Mazda Kai ја најавува новата тројка за 2019 година

 

Претходна објаваАвстрија му пишува групна тужба на Volkswagen
Следна објаваМоже ли молња да ги наполни батериите на Audi e-tron?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here