Во ценовникот на Mercedes за македонскиот пазар се појавија трите моделски изведби од коишто во почетокот се состои гамата на новиот A-Class. Моделската понуда стартува со Mercedes A 200, со новиот 1,33-литарски бензинец со турбонатполнење и 163 КС, со цена за основната изведба од 29.890 евра. Посилната верзија A 250 вози со дволитарски турбо со 224 КС, со седумстепен менувач со двојна спојка и со цена од 26.610 евра. Единствениот дизел во моментов е A 180 d, со 1,5-литарски мотор со 116 КС и цена од 30.990 евра, исто така со седумстепен менувач со двојна спојка.
Нема официјална најава за датумот на домашната промоција на Mercedes A-Class, но е сосем веројатно тоа да се случи само неколку денови по германскиот старт на продажбата во мај. Отсуствуваат и „домашни“ информации за сериската опременост, но барем кај Mercedes нема значајни отстапки од спецификацијата за германскиот пазар.
Погледнавме и во списокот на дополнителна опрема. Таму има неколку ставки што обично се очекуваат во големите лимузини со „нишан“ напред, но има и неколку комбинации што задлабочувањето во екстра ставките го претвораат во скапа авантура. Кој помисли дека два дисплеја од по 10,25 инчи, еден покрај друг како во E-Class, тука ќе следуваат без доплата за навигација, веројатно е нов во Mercedes. Но, зарем некој присилува да се „штиклираат“ овие ставки.
Според германскиот ценовник, новиот Mercedes A-Class во стандардната опрема ги поседува следните ставки:
(се однесува на германскиот пазар, можни се отстапки за тукашниот пазар)
[tie_list type=”checklist”]
- Диодна светлосна техника за дневните светла, трепкачите и позициските светла
- Стартување на копче
- Сензор за дожд
- Плочки на праговите со натпис Mercedes-Benz
- Автоматска еднозонска клима Thermatic
- Aктивен асистент за сопирање
- Предупредување при преоѓање преку лента, со вибрации во воланот и еднострано активирање на сопирачките
- Прикажување на брзинското ограничување на патот
- Мултимедиски систем MBUX (примена на вештачка интелигенција, со способност за „учење“; широки можности за индивидуализација; обновување на софтверот преку интернет)
- Автоматски повик при незгода
- Две антени за мобилен телефон и SIM картичка компатибилна со LTE
- Мобилна апликација и мониторинг на возилото (моментна локација, зонско ограничување, инфо при движење)
- Dynamic Select (спортски, комфорен и еко режим за моторот, менувачот, подвозјето и управувањето)
- Комфорно подвозје
- Челични бандажи од 16 инчи (A 180 d, А 200), односно 17 инчи (A 250)
- Мултифункциски спортски волан со сензорски полиња за ракување
- Потпирач за рака напред, со преграда
- Поделена и соборлива задна клупа (60:40)
- 1 x USB напред, 2 x USB назад
[/tie_list]
Веќе вообичаено кај претходната A-Class, постои избор од линии: Style, Progressive, AMG Line, како и традиционалната и ексклузивна воведна серија Edition 1.
Неколку повпечатливи ставки од дополнителната опрема за новиот Mercedes A-Class (од германскиот ценовник, цени во евра):
|
Multibeam LED |
1487,50 |
|
Амбиентално осветлување во 64 бои |
315,35 |
|
Климатизирани предни седишта |
1059,10 |
|
Двозонска автоматска клима |
606,90 |
|
Пакет системи за асистенција (радарски темпомат, активна корекција на правец, предупредување пред крстосница, избегнување пречка, следење на мртвите агли, Pre-Safe Plus и др.) |
1796,90 |
|
Навигација, основен пакет (7“ инструменти, 7“ медиски дисплеј, дополнителни функции на MBXU, сензорско поле за управување во средишна конзола) |
1356,60 |
|
Навигација, премиум пакет (10,25“ инструменти, 10,25“ медиски дисплеј, дополнителни функции на MBXU, сензорско поле за управување, камера за сообраќајни знаци) |
3016,65 |
|
Интеграција со паметен телефон |
297,50 |
|
Проекциски дисплеј |
1.178,10 |
|
Проширена реалност за навигациски приказ на MBUX |
297,50 |
|
Подготовка за паметен телефон како дигитален клуч |
119,00 |
|
Безчижно полење телефон |
238,00 |
|
Пакет за конективност |
261,80 |
|
Приспособлива амортизација, заедно со директно управување |
1178,10 |
[FAG id=30640]
Audi што требаше да биде Mercedes
Mercedes-AMG GT R е новиот безбедносен автомобил во Ф1
Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class
Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class
Mercedes има уште еден теренски модел во подготовка
















