Mercedes има уште еден теренски модел во подготовка

За три години под марката со сребрената ѕвезда ќе се појави уште еден модел во теренската понуда на Mercedes. Моделот кој веројатно ќе ја добие ознаката GLB моментно се тестира маскиран во најмалечкиот кросовер.

Моделската офанзива во сегментот на спортските теренци и кросовери под сребрената ѕвезда на Mercedes не само што не е завршена, туку зема уште поголем замав. Еден од новитетите што следат во овој сегмент е моделот со ознака GLB, кој верно на ознаката ќе биде позициониран меѓу актуелните GLA и GLC. Новиот модел ќе се разликува од останатите во стилската ориентација, односно ќе користи детали што ќе се повикуваат на робусната појава на основоположникот на сите теренци на Mercedes, неговото височество G-Class.

Изгледот на идниот GLB ќе се раководи според концептот Ener-G-Force

Во поглед на техниката, GLB сепак ќе биде далеку од G-Class и од нејзините теренски способности, затоа што намерата е на целната публика да ѝ се понуди само стилска интерпретација на „пратеренецот“. Робусноста на класичните теренци ќе се прикаже преку крила со остри рабови, трепкачи што се изгледаат како да се „додадени“ на каросеријата, како и преку вертикална маска и дебели рамки на вратите. Mercedes ќе понуди две изведби на идниот GLB, првата со должина меѓу GLA и GLC, втората подолга за околу 12 сантиметри и со простор за трет ред седишта. Високиот покрив и остриот завршеток на каросеријата ќе се погрижат за пристојна понуда на простор во кабината и покрај компактните димензии.

Техничката основа за GLB ќе потекнува од новата платформа за моделите од компакт-класата, којашто во иднина ќе ја користат сите модели во ова семејство на Mercedes, почнувајќи од следната генерација на A-Class, преку B-Class, до CLA. Платформата предвидува само преден погон, што значи дека верзиите со погон на сите тркала отпаѓаат од понудата.

[FAG id=24439]

Претходна објаваХибриден Peugeot 3008 со погон на сите тркала пристига во 2019
Следна објаваRenault Grand Scenic: Французите му даваат нова шанса на ванот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here