Производителот на електрични автомобили од Калифорнија повторно се најде под напад на американските институции. Овојпат се работи за обвинување дека Tesla пријавувала помалку повреди на своите работници отколку што реално се случиле во производствените погони. Калифорниската агенција што е одговорна за заштита при работа веќе ја започнала истрагата за тешките обвинувања.
Во земјата постојат строги стандарди чијашто цел е да се спречи секаква можност за повреда на работното место. Постојат обвинувања и дека Tesla не ги пријавувала реалниот број и тежина на повредите што биле предизвикани на работното место, исто како и заболувањата меѓу вработените.
Веб-страницата „Reveal“, којашто е дел од американската медиумска организација за истражувачко новинарство, објави дека Tesla намерно ги прикривала случаите на тешки повреди на работниците во фабриката во Фремонт. Компанијата на милијардерот Елон Маск категорично ги демантираше обвинувањата. Според Tesla, станува збор за плански водена кампања за дезинформација, за интересите на синдикатот на работници во автомобилската индустрија. Овој синдикат веќе две години прави обиди за работниците во Тesla да ги стави под своја заштита.
Може едно „тјунирање“ на Tesla Model S?
Tesla Model 3 паузира од производствените ленти
Tesla во спор со органите за безбедност во сообраќајот во САД
Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари
















