за

Harley-Davidson бара практиканти за да им подари мотоцикл

harley-davidson konkurs

Млади студенти кои се интересираат за мотоцикли, социјални мрежи и патување не смеат да ја пропуштат можноста кај Harley-Davidson. Култната марка мотоцикли бара практиканти, а им нуди нешто посебно.

Описот на работното место звучи привлечно: „Не сакаш да поминуваш 40 часови неделно во кутија со неонско светло? Сакаш да го зграпчиш животот за волан и да го видиш светот? Тогаш, ова е вистинската летна работа за тебе.“ Harley-Davidson бара полнолетни лица што 12 недели ќе патуваат низ светот, ќе присуствуваат на највозбудливите настани и собири, ќе ги посетат и дилерите на марката, а за сé ќе известуваат редовно преку социјалните мрежи.

Harley-Davidson ќе се погрижи и за возачката дозвола

Кандидатите не мора ниту да имаат положено за мотоцикл, затоа што Harley-Davidson ќе се погрижи за тоа, вклучувајќи и понапредна возачка обука. Најголемата сензација е во тоа што студентите ќе можат да го задржат мотоциклот и по завршувањето на практичната работа.

Конкурсот може да се следи на #FindYourFreedom. Од кандидатите се бара да покажат што подразбираат под слобода. Тие можат да снимат видео, да напишат есеј, да состават фотоколаж или да го направат тоа во што мислат дека се најдобри. Се бара креативност, се бара и карактер.

Осумте избрани практиканти ќе ја започнат својата работа во седиштето на Harley-Davidson во Висконсин, кадешто прво ќе имаат обука за подрачјето на маркетингот. Со стекнатото знаење, младите амбасадори на марката ќе се пуштат по патиштата.

Во Тирол отворен „највисокиот“ музеј за мотоцикли во Европа

Confederate Hellcat Speedster X132: Мотоцикл за холивудските ѕвезди

Визионерскиот мотоцикл на BMW одликуван со врвна награда за дизајн

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Не е лесно да си Tesla

porsche 911 gt3 rs рекорд нирбургринг

Porsche 911 GT3 RS постави нов рекорд на Нирбургринг