за

Британски возач осум месеци во затвор поради покажан прст

возач range rover казна среден прст

На овој 67-годишен возач на Range Rover му здодеало од брзинските контроли и вградил уред за блокирање ласерски зраци во своето возило. Анти-ласерот му функционирал беспрекорно на Британецот со име Тимоти Хол. Тоа е воедно и причината зошто полицијата го забранува користењето на овие уреди.

Хил се чувствувал толку комотно со ласерската заштита во своето возило, што решил да го демонстрира тоа пред камерите, покажувајќи го средниот прст. Точно е дека полицијата во Северен Јоркшир повеќе не можела да ја контролира брзината на возење на Британецот, но затоа можела сосема јасно да ја види пораката кон камерите.

При секое минување покрај мобилната сообраќајна контрола, 67-годишниот возач и’ покажувал прст на камерата

Хил продолжил со овој начин на комуникација, така што службениците трипати го регистрирале протестниот гест на возачот во минатиот декември, додека вршеле мобилна сообраќајна контрола. Секогаш бил вклучен и анти-ласерот. Кога полицијата подоцна му заѕвонила на врата на возачот на Range Rover, тој негирал дека поседува анти-ласер, по што го фрлил уредот низ прозорец.

Уништувањето на доказниот материјал сепак не му било од полза на Хил. Останале снимките со непристојната гестикулација. Полицијата во Северен Јоркшир соопшти дека Британецот ќе одлежи осуммесечна затворска казна, поради непочитување на правниот систем. Тоа што и возачката дозвола е одземена за период од една година, воопшто не е проблем.

Кој смее да има нешто против полициски Rolls-Royce?

Берлинската полиција отстрани „Трансформери“ од улиците

BMW i8 во служба на чешката полиција

Уште еден Lamborghini Huracan за италијанската полиција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Vitara limited

Suzuki првпат продаде над три милиони автомобили

Lotus SUV, autocar

Теренецот на Lotus ќе биде најлесен во сегментот