за

Берлинската полиција отстрани „Трансформери“ од улиците

Трансформери Берлин

Полицијата во Берлин подигна две сомнителни возила. Тие биле замислени како реклама за новото продолжение на „Трансформери“. Но, полицијата открила неколку недостатоци.

На само неколку денови пред премиерата на петтото продолжение на блокбастерот „Трансформери“, полицијата во Берлин им заврши голема рекламна услуга на продуцентите на филмот. Два автомобила што крстосувале низ улиците на германската престолнина со цел да го промовираат филмот, биле повлечени од сообраќај.

„Трансформери“ имале недозволиви преправки според полицијата

Возилата биле верни копии на воинствените роботи од „Трансформери“, коишто во филмовите меѓу другото се претвораат и во автомобили. Но, бидејќи службениците на јавниот ред утврдиле бројни недостатоци на возилата, „бамблби“ и „барикејд“ завршиле качени на пајак и упатени на вонреден технички преглед.

https://www.facebook.com/PolizeiBerlin/posts/706855522831888

Таму биле утврдени недозволени преправки во подвозјето, гумите, осветлувањето и особено во издувот. Берлинската полицијата сето тоа го документираше јавно на својот профил на фејсбук. Покрај тоа, „Барикејд“ имал сомнително оштетување на задната оска, што експертите го дијагностицирале како „опасно протекување масло“ кај возилата.

Полицијата во објавата на социјалната мрежа наведува дека е „неизвесно дали возилата ќе присуствуваат на филмската премиера следната недела“. Двајцата сопственици на возилата ќе мораат да платат парична казна и да ги подмират трошоците за вештачењето. Овие дополнителни трошоци нема да бидат проблем за продуцентската куќа „Парамаунт Пикчрс“. Филмаџиите сепак ќе им останат должни на германските полицајци за големата реклама со качувањето на „трансформерите“ на пајак.

Во секој случај, пофалби за начинот на којшто берлинската полиција ја обавува должноста.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris Facelift Skopje

Тивкиот револуционер Toyota Yaris пристигна во ново моделско годиште

Роботски автобуси Финска

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки