181
23 shares, 181 points

Светската потрошувачка организација избра десет најдобри железнички станици на територијата на Европа. Меѓу решавачките фактори се чистотата, лесниот пристап и бројот на дестинации.

Светската организација за заштита на правата на потрошувачите првпат ги издвои десетте најдобри железнички станици во Европа. При оценувањето беа земени предвид факторите што придонесуваат патниците да бидат задоволни од услугата и организацијата што ја добиваат при користењето на железничкиот превоз. Меѓу овие критериуми спаѓаат чистотата, бројот на дестинации и лесното движење низ просторот, односно отсуството на метеж.

Најдобро оценета е станицата Сент Пакрас во Лондон, како главна железничка врска на Велика Британија со континентална Европа. Оваа станица е на првото место со 116 бодови. При последното обновување во 2008 година, во лондонската станица беа вложени 800 милиони фунти (960 милиони евра). Во нејзиниот состав влегуваат трговски центар, автобуска станица и хотел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На второто место, со 111 бодови, се наоѓа главната железничка станица во Цирих, со незначителна предност пред станицата во Лајпцих. Вклучувајќи ги Минхен, Хамбург, Берлин и Франкфурт, Германија има дури пет железнички станици во европскиот Топ 10. Италија има два пласмани, со главните железнички станици во Рим и Милано. Осмото место припаѓа на московската станица Казанскаја.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
23 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *