135
18 shares, 135 points

Daimler извесно време ги испробува технологиите за автономно возење во камиони во САД. Развојот напредува, технологијата наскоро ќе се тестира на уште поширока мрежа од автопатишта во американската сојузна држава Вирџинија.

Камионскиот огранок на Daimler и компанијата Torc Robotics ја прошируваат мрежата од патишта на коишто ќе ја тестираат технологијата за автономно возење. Учеството на камионите во реален сообраќај ќе им помогне на програмерите во Torc Robotics да добијат вредни податоци кои понатаму ќе се користат во усовршувањето на технологијата.

Дополнително се добиваат податоци и од компјутерски симулации и возење по затворени тест-патеки. Целта со таканаречените роботски камиони е да се подобри безбедноста во сообраќајот и во исто време да се смалат трошоците во шпедицијата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Камионите уште лани стартуваа со тестирање по јавните патишта во југозападна Вирџинија, каде што е седиштето на Torc. Државата им овозможува на компаниите да вршат тестирања на нејзина територија. За време на тестирањето, во возилото секогаш се наоѓаат две лица: Еден инженер што го надгледува системот, еден професионален возач со посебна обука.

САД нудат совршени услови за тестирање, Daimler е пазарен лидер

Во последната деценија е забележано зголемување на превезената количина стока за 56 проценти. Во следните 25 години, количината ќе се зголеми двојно. Покрај тоа, експертите предвидуваат дека ќе продолжи недостигот од возачи во земјата. Со камионите со автономно управување ќе се постигне побезбеден, посигурен и поефикасен транспорт.

Torc е дел од Daimler Trucks и се вбројува меѓу најискусните компании во автоматизираното возење. Нивниот систем Asimov обемно е тестиран во градска и регионална дистрибуција, на дожд, снег, во магла и во ноќни услови.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *