Германската Железница во првите денови по пуштањето во продажба регистирала огромна побарувачка за месечниот билет со цена од 49 евра, за јавниот меѓуградски и регионален превоз.
„Побарувачката е исклучителна. За три дена во претпродажба, само во Бан (Bahn, железница) се купени 250.000 билети за Германија,“ изјави директорката за регионален превоз Евелин Пала, за неделникот Билд ам Зонтаг. Продабата на билетот чијашто важност почнува во мај, стартуваше во минатиот понеделник. Билетот може да се купи и во сите останати претпријатија и здруженија за превоз.
Новиот „дојчландтикет“ овозможува неограничен број патувања ширум државата со автобусите и возовите на јавното претпријатие за меѓуградски и регионален превоз. Билетот е достапен само како месечна претплата и се издава или како електронска картичка или на мобилен телефон. До крајот на годината, како преодно решение ќе бидат достапни и хартиени билети, што ќе се контролираат дигитално. Хартиените билети се воведени заради претпријатијата на коишто им е потребно подолго време за дигитализација. Целта е јавниот регионален и меѓуградски превоз со месечната претплата да стане попривлечен и подостапен.
Здружението на германски превозни компании очекува околу 5,6 милиони нови кориснички и корисници. Се предвидува дека единаесет милиони постоечки претплатници ќе се префрлат на новата претплата.
Точноста на Германската Железница во минатата година изнесувала 65,2 проценти, што е за десет процентни бодови под вредноста од преклани. Компанијата ги наведува како причина престарената и недоволна инфраструктура, бројните градежни зафати и наглиот раст на сообраќајот.
Kia Sportage на дело: По стариот пат преку Богомила до Прилеп
















