Дали Tesla навистина е пред својата конкуренција во технолошки поглед? Познат јапонски магазин расклопи Tesla Model 3, присутните инженери останаа зачудени околу еден дел.
Водечките авотмобилски концерни во светот, Toyota и Volkswagen, произведуваат по десет милиони автомобили годишно. Tesla лани произведе близу 400.000 возила. Калифорнискиот специјалист за електричен погон сепак е далеку пред својата конкуренција во поглед на технологијата. Јапонскиот магазин Nikkei дојде до таков заклучок во извештајот по расклопувањето на Tesla Model 3.
Најмногу внимание привлече централната контролна единица на автомобилот, таканаречениот Full Self-Driving Computer. Станува збор за дел што се води како Hardware 3 и претставува еден вид тајно оружје на производителот. Овој модул почна да се вградува во минатата пролет и истиот го поседуваат сите нови примероци од Model 3, S и X. Во модулот се наоѓаат два посебно изработени процесори од по 260 милиметри квадратни, кои се умот на вештачката интелигенција.
Tesla е шест години пред најголемите производители на автомобили
Tesla самостојно го разви овој модул, заедно со пратечкиот софтвер, заради контрола на системите за асистенција и воедно за контрола на инфо-забавниот систем. Присутниот инженер од неименуван јапонски производител на автомобили го тестирал компјутерот и со чудење изјавил за магазинот, „ние не можеме да го постигнеме тоа“.
Tesla’s “full self-driving computer,” the company’s biggest weapon in the EV market, caused one stunned engineer from a Japanese automaker to remark, “We cannot do it.” https://t.co/G42KB840Vd
— Nikkei Asia (@NikkeiAsia) February 17, 2020
Според објавите на Nikkei, електрониката што ја користи калифорнискиот производител е шест години понапред од конкуренцијата во браншата. Моќен централен компјутер е решавачки кај технологијата за автономно возење. Познавачите во браншата ценат дека таков компјутер нема да им биде достапен пред 2025 година.
Во автомобилите од високата класа, како Mercedes S-Class, се вградуваат меѓу 80 и 100 контролни модули
Овој „футуристички“ модул во Tesla, сепак, менува многу. Експертите посочуваат дека иднината им припаѓа на автомобилите коишто се конструирани почнувајќи од софтверот. Тоа е случај кај моделите на Tesla. Повеќето од електронските делови во американските електрични автомобили носат лого на Tesla, место на одреден добавувач. Тоа значи дека Тesla има целосна контрола врз развојот на сите клучни технологии во автомобилот, за разлика од традиционалните производители, кои денес зависат многу од своите добавувачи.
Tesla не мора да чека добавувачите прво да развијат одредена технологија и да ја направат достапна за вградување во големосериското производство
Калифорнискиот производител настапува со целосно различен концепт, што впрочем и му овозможи да постигне огромна технолошка предност. Додека класичните производители мора да развиваат и да почитуваат стандарди, за склоповите да функционираат беспрекорно, Tesla постапува апсолутно независно и развива сопствени системи, кои воошто не мораат да се совпаѓаат со системите на останатите производители и добавувачите.
After a recent #Model3 tear down by Nikkei Business Publications, it is becoming obvious that the tech of #Tesla is on a whole different level then the other auto manufacturers https://t.co/mnJRuhVJ9m pic.twitter.com/PgfO9RfbnH
— TheTeslaLife (@TheTeslaLife) February 17, 2020
















