за

BMW i3 со фотелја и столна ламба на саемот ЦЕС во Лас Вегас

BMW i3 со фотелја и столна ламба на саемот ЦЕС во Лас Вегас
BMW i3 со фотелја и столна ламба на саемот ЦЕС во Лас Вегас

За саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, BMW подготви посебна изведба на i3, којашто буквално е дневна соба на тркала. За спектаклот да биде вистински, баварците за време на ЦЕС во јануари ќе пуштат низ гардот цел возен парк од i3, преработени исто како саемскиот експонат, кои ќе се повикуваат преку апликација.

Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, кусо ЦЕС, веќе со години е едно од ретките места на планетава, кадешто постои некоја временска меѓузона со иднината. На манифестацијата што се одржува меѓу 7-ми и 10-ти јануари 2020, присуствуваат и бројни автомобилски марки, настапувајќи со сериозно осмислени и најчесто сосем невообичаени концепти.

Баварците го подготвија BMW i3 Urban Suite за својот штанд на ЦЕС. Станува збор за различно доживување при возењето, во кабина што е приспособена според личните потреби на патникот во возилото. Од оригиналниот компакт со електричен погон BMW i3 се останати само возачкото седиште и арматурната табла.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста е изведена како бутик хотел, со цел на патникот да му се понуди пријатно чувство, можност да се релаксира, да гледа филм или да се концентрира на работата. Патникот седи во фотелја со потпирач за нозете, а од таванот се спушта голем дисплеј. Озвучувањето е изведено точно за местото на патникот.

Креаторите на овој необичен концепт врз основа на i3 се погрижија и материјалите во кабината да потекнуваат од обновливи извори, па и при изработката се користела „еко-струја“. Повеќето од материјалите се рециклирани, а кожата е омекната со маслиново масло, место со штетна хемија.

Автомобилите не мора да бидат огромни лимузини или СУВ за да понудат луксузно возење денес – тоа е идејата зад овој необичен концепт за ЦЕС

Целата замисла добива уште поголема димензија, затоа што BMW изработи цел возен парк од автомобили исти како i3 Urban Suite. Овие возила ќе бидат понудени на користење во Лас Вегас за време на шоуто, со повикување преку мобилна апликација и можност за превоз до саканото место.

>Тест: BMW 118i M Sport

Целта е преку возилото да се укаже на тоа дека возилото не мора да биде големо и од највисоката класа, за да понуди луксузно возење. Од BMW посочуваат дека i3 Urban Suite е само дел од возилата и концептите што се подготвени за Лас Вегас.

New item by Automedia MK / Google Photos

https://www.instagram.com/p/B55df8ygesm/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Градски автобуси во Франција возат на водород

Градски автобуси во Франција возат на водород

Десет модели на Lamborghini на божикна тура по Доломитите

Десет автомобили Lamborghini на божикна тура по Доломитите