за

Hyundai ќе лета на саемот ЦЕС во Лас Вегас

hyundai-ces-2020
hyundai-ces-2020

Hyundai работи на решенија што ќе им го олеснат секојдневието на луѓето кои патуваат до работното место. Едното решение е користење летало, другото е патување со автономно возило. Прочуениот саем за потрошувачка електроника ЦЕС почнува на 6-ти јануари.

Hyundai на саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас ќе ги прикаже своите замисли за превозот во градските средини во иднина. Тоа е во надлежност на посебниот огранок на Hyundai, што се води како Urban Air Mobility (UAM). Станува збор за концепт на индивидуално летало, со идеја воздушниот простор да се искористи за растоварување на патиштата, како и да им се понуди повисок квалитет на живот на луѓето кои секој ден патуваат до работното место. Секако дека тоа подразбира и соодветно повисок надомест за услугата.

Дел од визијата претставува специјално наменско возило, коешто се одликува со висока приспособливост и поседува функција на автопилот. Тоа прави возилото да биде многу повеќе од обично превозно средство.

Двата различни концепти за интелигентна мобилност користат посебна станица, којашто служи за полетување и слетување со леталото, односно за поаѓање и пристигање со автопилотираното возило. Овие специјални станици ќе се постават на повеќе места во големите градови и ќе може да се користат и како заеднички простор.

Hyundai вложува 46 млрд. € во идни технологии и летечки автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rusija cybertruck lada

Рускиот Cybertruck има мотор од Lada и изработен е за 24 часа

Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз

Volkswagen цени дека Touran е одличен автомобил за Дедо Мраз