Hyundai ја претстави својата „Стратегија 2025“, којашто предвидува вложување на 46 милијарди евра во мобилноста на иднината, вклучувајќи и план компанијата да стане еден од трите најголеми производители на батерии.
Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor ги зголемува своите вложувања во идни технологии, вклучувајќи и летечки автомобили. Во планот „Стратегија 2025“ се предвидени вложувања во вкупна висина од 46 милијарди евра. Овие средства се наменети за подрачјата на истражување и развој во следните шест години.
Новиот стратешки план се потпира на два деловни столба – паметни уреди за мобилност и паметни услуги за превоз. Делот на „уреди за мобилност“ меѓу другото предвидува возила за микромобилност и летечки автомобили, како и роботска техника.
Компанијата воедно си постави рок до 2025 година да се избори за место меѓу трите водечки производители на батерии и возила со погон на водород во светски рамки. Целта е годишно да се произведуваат 670.000 електрични возила, вклучувајќи возила со погон само на струја.
Hyundai i30 N со фабрички тјунинг во само 600 примероци