за

Автомобилите Tesla за малку можело да добијат друго име

Шефот Илон Маск откри дека неговата марка електрични автомобили за малку можело да добие различно име од Tesla. Тоа име сега го користи друг производител на електрични автомобили.

Пионерската марка електрични автомобили од Калифорнија го носи името на најголемиот изумител на сите времиња Никола Тесла. Производителот на електрични камиони Nikola исто така се инспирирал од генијалецот родум од балканските простори. Меѓутоа, додека во најраните денови се избирало името на компанијата, лесно можело да се случи таа да носи име различно од сегашното.

Малку недостигало компанијата да го добие името Faraday. Како што Маск објави на твитер, поранешниот сопственик на марката Tesla Motors во почетокот одбивал да ги продаде правата на името. Контроверзниот мултимилијардер ја раскажа приказната по читањето на најавата за предавањето на британскиот „Royal Society“ посветено на научникот Мајкл Фарадеј, по когошто меѓу другото е именуван и фарадеевиот кафез.

Како е наместен дуелот меѓу пикапот на Tesla и Ford F-150

Денес тоа име го носат автомобилите на друг производител на електрични возила, на кинеската компанија Faraday Future. Тие го привлекоа вниманието на саемот ЦЕС во Лас Вегас во 2016 година, со студијата Zero 1, со моќност од 1.000 КС и спринт до сто за помалку од три секунди. Екстремниот електричен болид сепак не доживеа сериско производство. Компанијата западна во тешки финансиски проблеми. Уште е неизвесно дали новиот шеф Карстен Брајдфелд ќе успее да ја спаси компанијата.

Илон Маск во тоа време сепак успеал да го обезбеди името Tesla Motors. Поранешниот сопственик на правата на користење на името Бред Сиварт ја регистрирал марката во 1994 година и првично имал намера да ја задржи, но потоа се премислил и ја продал за 75.000 долари. Ако се има предвид дека името на електричните автомобили Tesla денес тежи најмалку 50 милијарди долари, тоа е помалку и од симболична вредност. Маск се присетува: „Ја испративме најпријатната личност од целата компанија да тропне на неговата врата и да го убеди да разговара со нас.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

schaeffler bio hibrid

Овој четирицикл со електро-помош влегува во производство в година

hyundai-nexo

Hyundai вложува 46 млрд. € во идни технологии и летечки автомобили